25 Април, 2024
0.0394

Бизнис-заедницата констатира дека влијанието на политиката е големо врз и онака кревката македонска економија

Објавено во: Економија 18 Август, 2018

Добивај вести на Viber

Бизнис-заедницата во изминатите години констатира дека влијанието на политиката е големо и политичките случувања и одлуки оставаат големи траги врз и онака кревката македонска економија, наведуваат од Стопанската комора на Македонија. Постигнатиот економски раст, со неговата структура, односно со структурните дисбаланси кои ги има, не ги обезбедува основните претпоставки за забрзан и стабилен одржлив развој. 

„Едни од главните причини за ова се негативната просечна годишна стапка на БДП во изминатите три децении и трендот на деиндустријализација на економијата кој се бележи во истиот период, односно промената на пазарната состојба од производствена кон услужна дејност изразена преку процентуалното учество во БДП. Поради наведените причини, потребно е да се остави простор приватниот сектор во Република Македонија да се развива преку континуирано унапредување на својата конкурентност, продуктивност и иновативност. При тоа, неопходно е компаниите да се пробиваат на пазарот единствено врз основа на квалитетот на нивните производи и конкурентноста на понудените цени – сите претпоставки и шпекулации во спротивна насока можат да предизвикаат сериозни штетни последици за конкурентноста на македонската економија на глобалните пазари. Македонската економија се стреми кон остварување на добрите европски практики и интегрирање на слободниот пазар, и истото може да биде направено единствено доколку се создадат реални услови приватниот сектор да работи независно од дневно-политичките случувања“ - стои во соопштението. 

Истовремено, Стопанската комора на Македонија укажува на потребата за доследно почитување на законската регулатива во насока на оневозможување на било какви сомнителни ситуации, и на потребата доколку постојат сомневања, истите да се изнесуваат пред надлежните државни органи, со цел да бидат спроведени сите потребни дејствија во насока на нивно расчистување, без да се обременува јавноста, а и работењето на целиот приватен сектор.

Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија