26 Април, 2024
0.0552

Бизнисмен добил 250.000 евра од ЕУ, парите ги трошел за друго

Објавено во: Економија 18 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Бизнисмен добил 250.000 евра преку Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој за плаќање на 50% од вредноста на опрема, но тој парите од ИПАРД програмата на Европската Унија ги префрлал од 2015 до 2017 на фирми блиски до него за друга намена, соопшти скопското обвинителство. 

Обвинетиот 32-годишен штипјанец кривичното дело бил управител на правното лице „Балкан еко фруит“ ДОО Свети Николе каде содружник е и правното лице „Агропионер“ ДОО Скопје управувано од државјанин на Саудиска Арабија.

„Наместо, согласно договорот паричните средства од ИПАРД програмата да ги трансферира на сметката на правното лице ‘Балкан еко фруит’ ДОО Свети Николе во Стопанска Банка АД Скопје согласно договорот за долгорочно финансирање заради наплата на дел од кредитот, обвинетиот без согласност на правното лице – содружник, ги трансферирал средствата на сметка на правното лице ‘Балкан еко фруит’ ДОО Свети Николе во Комерцијална Банка АД Скопје од каде средствата се уплатувани на правни лица блиски до него по различни основи во вкупен износ од 6.406.206 денари. Остатокот од паричните средства во износ од 8.583.390 денари тој ги исплатил на други правни лица за тековни фактури по разни основи“, соопштија од Обвинителството.

Управителот со парите уплаќал други трансакции, а обвинет е за злоупотреба на средства на европската заедница.


Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија