Бизнисмен сам направил автопат
Објавено во: Балкан 18 Март, 2019
Романски бизнисмен направил автопат долг еден метар.
Се работи за Стефан Мандачи (33), сопственик на ресторан за брза храна. Тој од бес кон властите во земјата, која вложува во сè освен во автопатишта, со свои пари изградил автопат во должина од еден метар.
Ова го чинело 4.500 евра, а минатата недела дури направил и свечено отворање на автопатот.
Земјата има една од најкратките мрежи на автопати во Европската унија од само 806 километри. За споредба нејзината територија е еднаква со Велика Британија, која има мрежа од автопатишта од 4.000 километри.