БИЗНИСМЕНИ, ОПШТИНИ, ЈАВНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА: Најголеми должници на државата
Објавено во: Економија 14 Октомври, 2019
Сеад Кочан некогашниот сопственик на ТВ Нова, тутунскиот бос Бајруш Сејдиу, комунални претпријатија, МРТ, и многу други звучни имиња се најдоа на последната листа должници на давачки кон државата.
Долговите никако да се намалат а регистрирани се 1995 фирми како неплаќачи на последната листа на УЈП.
Од друга страна УЈП бележи 2520 физички лица како неплаќачи.
Имено вкупниот долг за разни даноци, царини и придонеси изнесува 10.114.683.435 денари.
На листата должници уште еднаш се запишаа и Железници и ЈП за одржување на патишта како и општина Карпош.
Целосната листа може да ја видите тука.