Бизнисмени се јавувале кај Заев да кажат дека се уценувани
Објавено во: Македонија 17 Јули, 2019
Дел од бизнисмените кои биле уценувани се јавиле кај премиерот Зоран Заев да го известат за тоа, потврди денеска тој и рече дека случајот го пријавил во полиција.
„Да, се обратиле бизнисмени кај мене кои не се од Скопје дека биле уценувани. како што треба да постапи секој гражанин, така постапив и јас и тоа го пријавив, рече Заев.