25 Април, 2024
0.0357

Бизнисмените не сакаат парламентарни избори

Објавено во: Економија 18 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Сведоци сме дека во 2018 година, главен приоритет на Владата на Република Македонија беше процесот на интеграција во НАТО и ЕУ, кој веќе една деценија е приоритет за целата бизнис заедница, се вели во барањето на Стопанската комора на Македонија во однос на очекувањата во 2019 година: Од таму побараа да не се одржат предвремени парламентарни избори заедно со претседателските, како што бара опозицијата а за што размислува и власта.

„Со години, изборните процеси и политичкиот вакуум го намалуваат интензитетот на економската активност, му штети на бизнис заедницата и на деловната активност. Овие изборни процеси и политичка транзиција се најдоа на место со единствена цел да се достигне моментот кога ќе се најдеме кон патот на интеграцијата во НАТО и во ЕУ. Затоа, проценето е дека затворање на поглавјето на уставните измени беа предуслов за членство во НАТО алијансата е време да се постигнат предвидените економски цели од избегнувајќи појава на политички кризи како во минатото.

Бизнис заедницата ја поддржува и ќе продолжи да го поддржува овој тежок процес, но бидејќи поголемиот дел од патот е помина, време е Владата да се фокусира и посвети на бизнисот и да покаже дека е навистина партнер на приватниот сектор и заеднички да придонесе за зголемување на економијата на земјата и благосостојбата на граѓаните.

Имаме позитивни очекувања за постигнување на предвидувања од 3,2% раст на БДП за 2019 година. Во оваа конотација, ние цениме дека за земјите во развој како Република Македонија, главниот двигател на економскиот раст се инвестициите во приватниот сектор, реализација на големи капитални инвестиции, посебен фокус на индустријата и иновациите. Затоа, фокусот треба да биде на имплементацијата на инвестициите.

Време е да се концентрираме на фундаменталните промени во економијата преку среднорочна стратегија за раст и економски развој, без оглед на политичките партии што ќе бидат на власт. Друг аспект од кој веруваме дека ќе има позитивно влијание врз економскиот и социјалниот развој на земјата е комуникацијата помеѓу бизнисите и државните институции, како и ефикасноста на јавната администрација за одговарање на барањата и потребите на бизнисите. грижа за она што треба да се направи а што е идентификувано со извештајот на Глобалниот индекс на конкурентност објавен од страна наСветскиот економски форум, каде што се забележува дека ефикасноста на администрацијата не е на соодветно ниво за што сите сме сведоци.

Ги охрабруваме институциите да одговорат на барањата на бизнисот, намалување на административните пречки за реализација на капитални инвестиции, обезбедување средства за рамномерен регионален развој од 1% од БДП, како и отфрлање иницијативи за предвремени парламентарни избори“, се вели во барањето.


Можеби ќе ве интересира

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди