28 Март, 2024
0.0289

Бизнисмените од Јужна Кореја ги слушнаа можностите за инвестирање во Македонија

Објавено во: Економија 02 Јули, 2014

Добивај вести на Viber

Бизнис форум во Сеул, главниот град на Јужна Кореја, организираше македонската владина делегација, предводена од премиерот Никола Груевски, која е на повеќедневна азиска турнеја. Бизнис форумот се организираше во соработка со групацијата Фајненшл Тајмс, и на него присуствуваа претставници на компании од областа на автомобилската индустрија, информатичко технолошката индустрија и туризмот, информираат од владината прес-служба. „Заедно со стопанските комори од земјата, и заедно со околу 300 компании со различна големина и од различни сектори, ние ги детектиравме најголемиот број на проблеми со кои се соочуваа компаниите, главно од бирократски карактер, и елиминиравме многу од нив, или ги направивме побрзи или поевтини, или пак комбинација од двете, и тоа беше сериозно подобрување на бизнис климата во Македонија“, истакна Груевски во своето обраќање. Туризмот може да претставува поле на соработка меѓу двете земји вели Ким Грејс, менаџерка на туристичката компанија „ДГ Тур“ од Сеул, која има интерес Македонија да биде запознаена од страна на корејските туристи. „Минатата година Хрватска беше значајна туристичка дестинација за Корејците, многу Корејци престојуваат таму. Многу Корејци може да престојуваат и во Македонија, мислам дека Македонија е убава и пријатна земја и сигурно дека ќе се обидам да стане туристичка дестинација за Корејците“, вели Ким Грејс. Вицепремиерот Ставрески смета дека Кореја е брзо растечка економија и дека треба да се вложува напор за да се презентираат поволностите кои Македонија ги нуди за инвеститорите. Бизнисмените од Јужна Кореја, исто така, поддржуваат поголема комуникација помеѓу двете страни, како насока за воспоставување на конкретна соработка. „Ќе треба време, затоа што Македонија не е позната тука во Кореја, ако организирате вакви настани како денешниот повеќепати, тогаш е можно корејската Влада, компании и народ да пробаат да најдат ново место за инвестиции и мислам дека Македонија е добро место за инвестиции“, вели Ким Шонг Конг од Корејската бизнис асоцијација.

Можеби ќе ве интересира

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат