18 Април, 2024
0.0935

Стопанската комора на Македонија апелира

БИЗНИСОТ ИМА ПОТРЕБА ОД КВАЛИТЕТНИ И БРЗИ УСЛУГИ ИСПОРАЧАНИ ОД ДРЖАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА

Објавено во: Мои пари 16 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Фундаментално е прашањето за државната администрација, како од аспект на трошоците, така и од аспект на (не)компетентноста на вработениот кадар во одредени сектори, од што во голема мера зависи и квалитетот и брзината на државните услуги што му се потребни на бизнисот.

Стопанската комора на Македонија, во континуитет на своето делување, како еден од битните услови за подобрување на состојбите во стопанството и особено за привлекување на странски инвестиции го поставуваше прашањето на реформи во јавната и државната администрација и обезбедување стручна, професионална, непристрасна и непартиска администрација. Своевидна потврда на нашите постојани залагања за реформи во оваа област се бројните предлог-мерки на Стопанската комора на Македонија, меѓу кои посебно се нагласува потребата од системско регулирање на работењето на јавната и државната администрација, поедноставување и забрзување на административните процедури за добивање документи, наградување согласно ефикасноста на работењето на службениците и слични предлог-мерки,  со цел состојбите позитивно да се променат.

  Залагањата на бизнис-заедницата во реформата на јавната администрација се насочени кон постигнување на следните цели:

1.  Рационализација на јавната и државната администрација и нејзино сведување на оптимално ниво, по примерот на европските и соседните земји, со обезбедување на нејзина ефикасност, стручност и транспарентност на национално и на локално ниво.

2.  Креирање современ  и објективен систем за мерливост на ефикасноста и ажурноста на работењето на јавната администрација, а особено на државните и јавните службеници при издавањето на разни видови документи

3.  Создавање стручна, професионална, а деполитизирана и департизирана јавна и државна администрација

Гломазноста на јавната администрација упатува на заклучокот дека државата е најголем работодавач, а моменталниот број на вработени лица во јавната админстрација е несоодветен и на финансиските потенцијали на нашата држава, имајќи ги предвид големината на државата и обемот на средства од стопанството кои го полнат домашниот буџет.

Како прилог кон слабата ефикасност и бирократизацијата на јавната и државната администрација може да послужат сознанијата од независното истражување  спроведеноод Стопанската комора на Македонија уште во 2009 година, каде што се интервјуирани 115 менаџери на странските компании кои инвестирале во нашата држава. На прашањето кои се најголемите проблеми на кои наидуваат во своето работење и на водењето на бизнисот одговорите се следните: бирократизација, судски систем, катастар, други проблеми, конкуренција. За жал, не можеме да се пофалиме дека нешто се променило и до денес.

Токму бирократизацијата на јавната и државната администрација и големиот број на административни пречки се потенцираат како најголем проблем за водењето на бизнисот. Поради тоа фирмите се изложени на големи административни бариери и трошат многу време за добивање на одредени документи од надлежните органи и подлежат на големи финансиски трошоци. сопственичко-правните односи.

Несоменено е дека е потребно воспоставување високи стандарди за компетентност на јавната и државната администрација, добро познавање на областа и на правната регулатива, особено правото на Европската Унија, добро познавање на странски јазици и менџерско искуство.

Наместо заклучок

Корените на корупцијата се наоѓаат во нискиот животен стандард  и во недоволно платената администрација. Затоа неопходна ни е мала, силна, професионална и добро платена администрација. Само тоа ќе ја искорени корупцијата.

Без брзи и ефикасни административни постапки, без намалување на бирократизацијата и без професионална администрација, не може да одиме напред и да постигнуваме резултати во интерес на подобрување на деловниот амбиент во државата.

Можеби ќе ве интересира

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Со НЛБ „Рамката за помош“ заедно ќе го олесниме секојдневието на глувите лица: Анита Гаговска за Центарот за подобрување на квалитетот на живот на лицата со попреченост и нивните фамилии „Порака Нова“

Со НЛБ „Рамката за помош“ заедно ќе го олесниме секојдневието на глувите лица: Анита Гаговска за Центарот за подобрување на квалитетот на живот на лицата со попреченост и нивните фамилии „Порака Нова“

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година

Тркалезна маса на тема развој на македонскиот фриленс екосистем

Тркалезна маса на тема развој на македонскиот фриленс екосистем

Време е за Велосипед - Пролетна Специјална Понуда на Supermart.mk!

Време е за Велосипед - Пролетна Специјална Понуда на Supermart.mk!