20 Април, 2024
0.0320

БИЗНИСОТ ПРАШУВА: Како викендов ќе работат компаниите што имаат втора смена

Објавено во: Економија 27 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Како викендов ќе работат компаниите што имаат втора смена, со оглед што забраната за движење стартува од 16 часот, прашува бизнис секторот.

Во период на вонредна состојба клучни за успешно функционирање се комуникацијата и координацијата. Во тој контекст, многу важен е протокот на информации, од компаниите преку Стопанската комора на Македонија до Владата и надлежните институции, но и обратно, од институциите кон Комората и компаниите, велат од комората.

Зоран Јовановски, Главен советник на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија за економски прашања, вели дека е сосема јасно дека кога во вонредни услови ќе се донесе некоја уредба или мерка не можат да се предвидат сите аспекти поврзани со нивната примена. Прашањата околу примената на мерките често мораат да се решаваат во од. Затоа е многу важно да постои механизам на добра комуникација кој ќе овозможи да се добие валидно толкување од оној што е овластен да го даде. 

„Еве конкретен пример. Досега компаниите што работеа само во две смени можеа да го реализираат производството во периодот од 05 – 21 часот. Но, утре, сабота, забраната за движење на граѓани започнува порано, од 16 часот. Што значи тоа за компаниите што работат во две смени и редовно работат до 20 часот? Не смеат да работат со втора смена? Постојните дозволи не се однесуваат за втора смена, како што е случајот со викендов, бидејќи Уредбата со која им се дозволува на работниците да одат и да се враќаат од работа и во периодот кога има забрана за движење се однесува само на ноќно работење, трета и четврта смена. Што да прават компаниите во вакви околности? Дали треба да се регистрираат за трета смена во Државниот инспекторат за труд за да ги користат постојните дозволи, иако утре ќе станува збор за втора, а не за трета смена? Потребно е Уредбата да се измени соодветно за да се овозможи и за втора смена кога тоа го налагаат околностите? Ова е пример за прашање што бара јасен и брз одговор за да може производството да се извршува онаму каде што се уште се одвива и во вакви вонредни услови“, вели Јовановски.

Кога сме кај дозволите, појаснува тој, да посочиме на што мислиме кога велиме дека во вонредни услови е потребна добра координација. И неколку денови по воведувањето на Уредбата со која се дозволува движење на работници кои одат и се враќаат од работа ноќе кога има забрана на движење на граѓаните, се случува надлежните органи на работниците да им бараат печат од некоја институција и сл., иако тоа не е предвидено. Добрата и континуирана координација на сите нивоа тука многу би помогнала.

„Еве и друг, поинаков пример. Од компаниите се бара со одредена динамика да обезбедат дезинфекција на производствените погони и тоа да го прави овластена фирма. По барање на Комората од Министерство за здравство добивме листа на такви овластени фирми и списокот е ставен на интернет страницата на Комората. Сега фирмите лесно можат да дојдат до информацијата кој е овластен да врши дезинфекција. Ваквите потези ги релаксираат состојбите“, вели Јовановски. 

Накусо и за регионалните случувања. Еден од приоритетите на Стопанската комора на Македонија во постојниот период е обезбедување на проодност на коридорите за транспорт на стоки. Така, во врска со информациите за застој во транспортот на камиони на српско-македонска граница, Комората е активно вклучена во комуникација со Стопанската комора на Србија, и заедно со Владата на Република Србија се работи на отстранување на пречките. Исто така, сакаме да им посочиме на компаниите дека Советот на министри на Босна и Херцеговина донесе одлука со која определи гранични премини за влез и излез на стоки кои транзитираат низ таа држава. Деталите за таа одлука компаниите можат да ги најдат на интернет сајтот на Комората. 

Можеби ќе ве интересира

ЛУКАРЕВСКА: Во наредниот мандат домашните компании ќе ги поддржиме со 180 милиони евра

ЛУКАРЕВСКА: Во наредниот мандат домашните компании ќе ги поддржиме со 180 милиони евра

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор