29 Март, 2024
0.0289

Black Friday понуда од ЕДС АД: Шест месеци попуст на трошокот за потрошена електрична енергија

Објавено во: Македонија 23 Ноември, 2022

Добивај вести на Viber

ЕДС АД, компанија која што важи за лидер во областа на трговија со електрична енергија на македонскиот пазар, по повод Black Friday подготви ексклузивна понуда за своите клиенти, со која што компаниите кои што ќе склучат договор во траење од една година, најдоцна до 29 ноември, ќе обезбедат сериозна заштеда на сметките за потрошена електрична енергија токму во најкритичните месеци од годината.

Компанијата нуди попуст во траење од шест месеци, кој што за пример, како што посочуваат од ЕДС АД, за една компанија од средна големина би значела заштеда од 1.140 евра месечно. За повеќе детали за понудата и придобивките направивме краток разговор со директорот за маркетинг и продажба во ЕДС АД, Златко Черепналкоски.

ЕДС подготви посебна понуда до своите клиенти по повод Black Friday. Што точно содржи понудата? 

Черепналкоски: Black Friday понудата го обезбедува она што сите потрошувачи во овие кризни времиња го посакуваат – попуст на трошокот за потрошена електрична енергија. Имено, ЕДС во својата Black Friday понуда нуди 2% намалување на трошокот за потрошена електрична енергија на слободниот пазар во првите шест месеци од договорот. Со оглед на фактот што во тие први 6 месеци се практично опфатени и најкритичните месеци (јануари - април) кога поради грејната сезона и кризата во снабдувањето со природен гас цените на струјата можат одново да постигнат несакани високи нивоа, шест месеци по 2% од трошокот можат да значат сериозна заштеда.

Кои се придобивките за компаниите кои ќе се одлучат да ја прифатат, каква заштеда може да очекуваат со прифаќање на понудата? 

Черепналкоски: Peakload цената за денешниот ден (23 ноември 2022) на HUPX спот берзата се истргува на ниво од 285 EUR/MWh. Сакаме да веруваме дека, доколку Европа ги обезбедила своите задолжителни резерви на природен гас, цените на струјата нема да го доживеат сценариото од ова лето. Доколку цените останат на ова ниво тогаш 2% попуст на HUPX цената би значело намалување на цената од 5,7 евра за еден мегават/час. Тој попуст за средни претпријатија кои трошат на пример 200 мегават/часови месечно би значел заштеда во апсолутни вредности од 1140 евра месечно, и така шест месеци по ред. Менаџерите на тие фирми овие средства ќе ги гледаат низ призмата на тоа колку бруто плати ќе бидат обезбедени со заштедата.

Понудата се однесува на договор за снабдување со електрична енергија во траење од една година, имајќи ги предвид случувањата на пазарот на енергенси во моментов и во изминатиот период, колку за компаниите е придобивка да имаат долгорочен договор за снабдување со струја?

Черепналкоски: ЕДС АД се има докажано како стабилен и сигурен партнер. Во година во која предизвиците можеби ќе бидат дури и поголеми од оваа 2022, да се има годишен договор со ЕДС значи да се има електрична енергија 365 дена 24 часа во денот без ризик од прекин во снабдувањето со електрична енергија. Каква и да биде 2023 година, а човечки е да се надеваме на подобри времиња, сепак сигурноста на снабдувањето е далеку поважно од цената на самата енергија, а за цената ЕДС обезбедува Black Friday попуст!

Повеќе информации за промотивната понуда може да се најдат на и веб страната www.eds.mk.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата