19 Април, 2024
0.0490

„Блаже Конески“ и „Ремзи Несими“ нови државни награди за македонскиот и албанскиот јазик

Објавено во: Македонија 13 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Државата ќе востанови и ќе доделува две нови државни награди „Блаже Конески“ и „Ремзи Несими“. Со закоснки измени на ваков начин ќе се оддава општествено признание за особено значајни остварувања од интерес на државата во уште две нови области - наградата Блаже Конески е во областа на македонскиот јазик, а Ремзи Несими е во областа на албанскиот јазик и во албанологијата.

Измените на законот за државни награди се подготвуваат. Моментно, во земјава се доделуваат девет државни награди со кои се оддава општествено признание за особено значајни остварувања од интерес на државата во областа на стопанството, науката, уметноста, воспитанието и образованието, културата, техничката култура, спортот, здравствената, социјалната и хуманитарната дејност, заштитата на човековата околина, заштита на човековите права, публицистиката и новинарството. 

Владата доствила Иницијативата на Советот за македонски јазик, со која се предлага да се востанови нова државна награда за одавање на признание за високи стручни и научни достигнувања во областа на македонскиот јазик со која ќе се оддава признание за високи стручни и научни достигнувања од областа на македонскиот јазик во земјата и странство, која се предлага да го носи името на Блаже Конески. 

Исто така, Институтот за духовно и културно наследство на Албанците достави Иницијатива со која се предлага да се востанови и уште една нова државна награда за одавање на признание за високи стручни и научни достигнувања во областа на албанскиот јазик и за албанологијата во земјата, која се предлага да го носи името на Ремзи Несими.

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо