25 Април, 2024
0.0958

Блерта Поцеста ќе одговара за убиството на родителите и сестра си кои ги уби додека спиеја

Објавено во: Македонија 30 Април, 2019

Добивај вести на Viber

Три лица ќе гони ОЈО од Гостивар за случајот со трикратното убиство во Дебар кое се случи минатата година во Дебар.

Блерта Поцеста е главната осомничена за убиството со кое од живот ги лиши родителите и помалата сестра

Од ОЈО во поднесеното обвинение посочуваат дека три лица се товарат дека биле инволвирани во убиството.

Како што се потенцира во соопштението од ОЈО, доказите покажуваат дека првообвинетата сторила кривично дело - убиство . 

„На 26 август 2018 година, во семејната куќа во Дебар, обвинетата пукајќи од непосредна близина со пиштол со калибар 7,65мм најпрвин ги лишила од живот сопствените мајка и татко, а потоа и малолетната сестра. Другите двајца обвинети со умисла и помогнале во извршувањето и прикривањето на кривичното дело.

Еден ден пред извршувањето на кривичното дело, првообвинетата телефонски контактирала со второобвинетиот и се сретнала со него во Гостивар. Второобвинетиот изнајмил возило и заедно се упатиле кон Дебар за да набават оружје. Истиот ден, во близина на Градската болница во Дебар, се сретнале со третообвинетиот, кој им обезбедил пиштол и рамка со пет куршуми.

По извршувањето на кривичното дело, обвинетата се упатила во Струга, каде се сретнала со второобвинетиот и му ги дала клучевите од изнајменото возило да го врати во Гостивар. Обвинетата со такси отишла на аеродромот во Скопје од каде со авион заминала за Република Италија“, соопштуваат од ОЈО.

Според надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Гостивар доставил и предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетите лица. 

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

„До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше“: еве што кажа ќерката на Џаро, за неговите последни денови

„До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше“: еве што кажа ќерката на Џаро, за неговите последни денови

КУЌЕН ПРИТВОР И МЕРКА НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ТАТКОТО НА ВАЊА: Врховен го преиначи решението на Апелација

КУЌЕН ПРИТВОР И МЕРКА НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ТАТКОТО НА ВАЊА: Врховен го преиначи решението на Апелација