23 Април, 2024
0.0260

БЛИЦ: Албин Курти го минирал состанокот на лидерите на регионот во Виена, ги налутил и Курц и Лајчак?

Објавено во: Балкан 18 Јуни, 2021

Добивај вести на Viber

Самитот за Западен Балкан, што се одржа денес во Виена, не заврши со усвојување на заедничка декларација. Како што дознава Блиц.рс, косовскиот премиер Албин Курти, имал барање за кое домаќинот, австрискиот канцелар Себастијан Курц и претставникот на ЕУ, Мирослав Лајчак, не сакале да се согласат, пишува Блиц.рс.

Според нивни сознанија, Курти, наводно, побарал во Декларацијата да се стави терминот „соочување со минатото“, кој бил отфрлен од другите учесници.

„Тој побара во документот да биде вклучен терминот „соочување со минатото“, па Лајчак реагирал и му рекол дека терминот „помирување“ е веќе усвоен и дека ќе остане така - рекол соговорникот на „Блиц“ од дипломатскиот кругови.

Заради тоа Курти престана со потпишувањето на Заедничката декларација на сите учесници на Конференцијата за Западен Балкан.

На крајот, Лајчак му рече дека кога идеално се гледа на докуметите, обично нема документи, што е случај и овој пат“, нведува соговорникот на Блиц.рс.

Поради сето тоа беше договорено да се усвои декларацијата на канцеларот Себастијан Курц и претставникот на ЕУ Мирослав Лајчак.

Ова беше потврдено до одреден степен во изјавата по Самитот од премиерката на Србија, Ана Брнабиќ.

„Нема заедничка декларација. Ние прифативме дека тоа ќе биде декларација на канцеларот Себастијан Курц и претставникот на ЕУ, Мирослав Лајчак. Се обидувавме до последен момент, играв на работ на нож, се согласив на некои работи само поради канцеларот Курц, кој покажа дека е пријател на Србија и кој постојано го покажува тоа, но на крајот господинот Курти ја тргна од масата таа декларација. Што да се прави, нема да биде лесно, и мислам дека сега им е јасно тоа на нашите партнери од ЕУ“, рече Ана Брнабиќ.

Извор: Блиц.рс

Можеби ќе ве интересира

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СРБИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ СО ТАКСИ И ТОА Е ПРИЛИЧНО ДОСТА СЕРИОЗНО: Веќе потпишан меморандум со „Ербас“

СРБИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ СО ТАКСИ И ТОА Е ПРИЛИЧНО ДОСТА СЕРИОЗНО: Веќе потпишан меморандум со „Ербас“

САД ДО СРБИЈА: Ќе мора да се соочите со резолуцијата за Сребреница

САД ДО СРБИЈА: Ќе мора да се соочите со резолуцијата за Сребреница

ПРИСТИГНА ОБДУКЦИСКИОТ ИЗВЕШТАЈ ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Од што почина братот на убиецот на Данка?

ПРИСТИГНА ОБДУКЦИСКИОТ ИЗВЕШТАЈ ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Од што почина братот на убиецот на Данка?

НАГЛО ПОСКАПЕ ЗЕМЈИШТЕТО ВО ВОЈВОДИНА: Хектар чини 120.000 евра

НАГЛО ПОСКАПЕ ЗЕМЈИШТЕТО ВО ВОЈВОДИНА: Хектар чини 120.000 евра

ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Србија мора да се откаже од Косово?

ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Србија мора да се откаже од Косово?