Добивај вести на Viber
Близу осум илјади луѓе од земјава досега се заразијле со корона вирусот.
Повеќе од половината од нив или над четири илјади оздравеа и веќе не мора да се грижат за болеста.
Еве ккви се најновите податоци според Министерството за здравство.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7.975.
Бројката на оздравени пациенти е 4.080.
За жал, досега со МКОВИД-19 битката ја изгубија 376 наши граѓани.
Во моментов, бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.519 лица.
Од нив најголем број се во Скопје, дури 1.864 актвни случаи. Во Тетово се активни 323, во Куманово 181, во Штип 165, во Струга 156, а во Гостивар 131. Во Свети Николе се активни 105 лица, а во другите градови бројката на активни е двоцифрена.