25 Април, 2024
0.0286

БЛОКИРАНИ СМЕТКИ: Под блокада повеќе од 110 700 граѓани и фирми!

Објавено во: Економија 17 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Сублимирани се податоците за блокирани сметки и депоненти за минатата 2017 година. На крајот од декември, лани под блокада биле 110 700 граѓани и правни лица. Во споредба со декември, 2016 година, кога блокирани биле вкупно 117 602, на годишно ниво регистриран е пад на бројот на блокирани депоненти за  6 902. Податоците покажуваат дека намалување  има кај бројот на блокирани граѓани и фирми, конкретно во последниот месец од годината имало 80 462 блокирани граѓани и 30 265 блокирани фирми. На месечно ниво, во споредба со ноември има пораст на бројот на блокирани граѓани и фирми. 

Во анализираниот период, најновите податоци покажуваат дека имало 233 931 блокирани жиро сметки, од нив 188 500 сметки на граѓани  и 45 431 блокирани сметки на правни лица.

Статистиката за состојбата со трансакциските сметки, е врз основа на постоечки и отворени сметки, како и за блокирани депоненти и сметки по извршни и конечни решенија за наплата на доспеани обврски.

Се зголемува бројот на сметки на граѓани, се намалува на фирми !

Судејќи според најновите, сублимирани податоци за состојбата со трансакциските сметки и бројот на депоненти во банките, на крајот од декември, 2017 година, во земјава 1 751 857 граѓани и фирми  поседувале трансакциски сметки во банките  и во однос на состојбата во јануари, истата година, тој број е зголемен за 25 442 новоотворени сметки. 

Пораст на бројот на отворени сметки на  депоненти има и на месечно ниво, во споредба со ноември . Од вкупниот број на депоненти, 1 635 544 се физички лица а 161 313 се правни лица. Податоците покажуваат дека во декември во однос на јануари има намалување на бројот на фирми што поседуваат трансакциски сметки во банките, за  2 434 .

Во земјава во оптег се вкупно 1 849 282 картички со функција на повлекување, односно депонирање на готовина, а доминатен бренд е Виза со 1 091 409 картички, Мастеркард со 681 368 картички а останатите 76 512 отпаѓаат на другите видови брендови.

Д.А.

Можеби ќе ве интересира

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?