28 Март, 2024
0.0264

БОБАН ГОГОВСКИ ГО ПРЕЗЕМА УПРАВУВАЊЕТО СО „ТЕТЕКС“ - синот го наследи таткото во познатиот тетовски комбинат

Објавено во: Економија 09 Август, 2022

Добивај вести на Viber

Синот на починатиот долгогодишен прв човек на „Тетекс“, Бобан Гоговски, го презема управувањето со познатиот тетовски комбинат. 

Промената во раководните структури на тетовската компанија е објавено во Централниот регистар на државава.

Па така, Бобан Гоговски е назначен за Извршен член на Одборот на директори, како и за Генерален директор со неограничени овластувања во внатрешниот и надворешен промет на комбинатот.

Бобан Гоговски е дипломиран електротехнички инжинер, стои во објавата.

Додека, пак, од оваа позиција - Извршен член на Одборот на директори, како и од позицијата Генераклен директор на компанијата, е избришано името на Глигорие Гоговски, директор кој со децении управуваше со „Тетекс“ и беше своевидна икона на тетовскиот комбинат.

За неизвршен член на Одборот на директори, пак, е именуван професорот од Економскиот факултет, Михаил Петковски, е наведено во објавата од Централниот регистар.

Истите промени, односно назначување на Бобан Гоговски за раководител на подружницата и бришење на Глигорие Гоговски од раководител, се направени и кај другите подружници на комбинатот, и тоа кај подружницата - трговија на големо со месо и производи од месо, потоа, подружницата - трговија на големо со текстил и тоа продажба на волници, предива и секундарни суровини, па подружницата за продажба на ткаенини и ќебиња, подружницата за продажба на конфекциски артикли, односно трговија на големо со облека и обувки, подружницата за продажба на трикотажни артикли, подружницата за продажба на различна стока, потоа на продавниците кои комбинатот ги има во Скопје и во Тетово, подружницата Царински терминал во Тетово, како и на хотел-ресторанот Арабати Баба Теќе во Тетово.

Инаку, како што веќе пишуваше Фактор, акциите на покојниот Глигорие Гоговски, преминуваат во рацете на неговите наследници. 

Досега поранешниот директор на познатиот текстилен комбинат поседуваше 12,76 отсто од акцииите, и тој беше единствениот сопственик во компанијата со над 5 проценти од капиталот на компанијата, кои се покажуваат на Централниот депозитар за хартии од вредност.

А сега, како што известија од компанијата преку Македонската берза, три лица од семејството на Глигорие Гоговски ќе имаат по над 6 отсто, односно по близу 7 пртоценти од акциите на комбинатот. Тоа значи дека тие и досега имале по извесен помал процент од акциите, а сега ги добиваат и акциите на нивниот сопруг или татко, и нивните акционерски пакети сега изнесуваат над 5 отсто од капиталот на компанијата. 

Односно, како што објавија тогаш од компанијата, а и веќе е објавено на Централниот депозитар за хартии од вредност, Иванка Гоговска поседува 6,92 отсто од акциите, или 28.647 акции, додека Лоди и Бобан Гоговски располагаат со по 6,67 проценти, односно по 27.612 акции.

Бобан Гоговски за нов директор го предложоја 13 акционери кои заедно поседуваат 24 отсто од сите акции на „Тетекс“. Гоговски јуниор е електроинженер кој својата 25 годишна работна кариера ја минал на различни позиции во ТТК Банка, и нејзината правна претходничка Тетекс банка.

Н.Н.Ф.

Фото: ЦДХВ

Можеби ќе ве интересира

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

НИНГБО – СТОТИЦИ ИЛЈАДИ КОНТЕЈНЕРИ, СТОТЦИ ИЛЈАДИ ТОНИ СТОКА: Оттука па низ целиот свет, вака се поврзува Кина

НИНГБО – СТОТИЦИ ИЛЈАДИ КОНТЕЈНЕРИ, СТОТЦИ ИЛЈАДИ ТОНИ СТОКА: Оттука па низ целиот свет, вака се поврзува Кина

КАКАОТО СЕ ПРЕТВОРИ ВО НАЈСЈАЈНА ЅВЕЗДА НА ПАЗАРОТ - на берзите се плаќа речиси по 10.000 долари за тон

КАКАОТО СЕ ПРЕТВОРИ ВО НАЈСЈАЈНА ЅВЕЗДА НА ПАЗАРОТ - на берзите се плаќа речиси по 10.000 долари за тон

ВОЛВО СТАВА КРАЈ НА ЕДНА ДОЛГА ИСТОРИЈА - им кажаа збогум на „дизелашите“

ВОЛВО СТАВА КРАЈ НА ЕДНА ДОЛГА ИСТОРИЈА - им кажаа збогум на „дизелашите“

САНКЦИОНИРАН Е ВО УКРАИНА: Руски милијардер го купи „Звечево“

САНКЦИОНИРАН Е ВО УКРАИНА: Руски милијардер го купи „Звечево“