24 Април, 2024
0.0293

Бобинкова Мијаковска: Договорот со Грција е противуставен, недозволен, велепредавнички

Објавено во: Македонија 13 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber

Фактор ќе објави мислења на повеќе јавни личности, професори, новинари, познавачи во однос на објавата на Владата, вчера, дека е постигнате решение за името и договор за спорот со Грција.

Договорот со Грција за името Република Северна Македонија е противуставен, недозволен, велепредавнички, незаконски, нелегитимен, капитулантски, вели  Ана Бобинкова Мијаковска, претседател на здруженито на граѓани Преродба и основач на ДВИЖЕЊЕ МАКЕДОНСКА ПРЕРОДБА - Движење на носителите и бранителите на државниот суверенитет.

За тоа веднаш треба сторителите да бидат уапсени и да одговараат, додава Бобинкова Мијаковска. 

„Безпредметно е воопшто да се разговара за вакво велепредавство и рушење на државата, туку веднаш да се стопираат и спречат сите дејства на нелегитимната нелегална антинародна, антимакедонска власт, за да не предизвикаат и прават понатамошна штета на македонскиот народ и македонската држава, а веќе направените такви дела да се поништат и да не предизвикуваат никакви дејства“- вели таа. 

Смета дека народот треба да одговори со граѓанска непослушност и отпор, и да си го врати според неа насилно одземениот  суверенитет.  Вели дека оваа гарнитура е донесена на власт со цел да ја разнебити државата. 

Преродба, на ден 21.03.2017 година, до највисоките инстанци во РМ, Јавното обвинителство на РМ, Претседателот на РМ, Владата, Собранието на РМ, Уставниот суд, достави Барање за прогласување на предвремени парламентарни избори од 11 декември 2016 за недемократски и нерегуларни поради основано сомнение за направена решка злоупотреба на изборното и гласачко право, измама и доведување во заблуда на граѓаните и прекршување на највисокото демократско и уставно право на граѓаните: пренесувањето на сопствениот суверенитет на претставниците на власта, како највисок грѓански чин и должност. Дека изборниот резултат е дело на однапред направено сценарио од страна на надворешни и внатрешни фактори, во спрега, за разнебитување на македонскиот народ и за уривање на државата, при што изборите да се искористат како инструмент за реализација на тоа сценарио и дека со изборниот резултат е веќе започнат процесот за поткопување на темелите на државата: промена на Устав, знаме, химна, двојазчност, федерализација, промена на името , со цел наше обезименување и македонскиот народ и македонската држава да не постојат“- додава Бобинкова Мијаковска.

Според неа, тоа е геноцид и тоа дело, кое е во продолжување, а е поврзано со Грција како земја и држава извршувач на геноцид врз македонскиот народ и окупатор на Македонија, е и една од основните точки на кои се заснова жалбата од македонскиот народ до ООН, доставена пред неколку денови.

Таа вели дека судските инстанци треба да реагираат за дела со кои се косат со Уставот. 

Премиерот Зоран Заев вчера соопшти дека е договорено името Република Северна Македонија, што според него е јакнење на идентитетот затоа што јазикот е македонски, народот останува македонски, но на есен ќе има референдум и граѓаните ќе се изјаснат. Тој убедува дека со ова се отвора перспектива за Македонија, но македонската и грчката опозиција го говорат спротивното и има многу негодувања. 

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП