28 Март, 2024
0.0256

Бочварски: Ова е време кога треба сите да размислуваме за поевтина енерегија

Објавено во: Економија 09 Декември, 2022

Добивај вести на Viber

Поедноставените постапки за поставување на фотоволтаични електроцентрали за на кров ги даваат првичните резултати. Се зголемува интересот кај граѓаните кои почнуваат постапки за поставување на фотоволтаични централи на своите кровови, истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска при посета на општина Берово.

Министерот Бочварски заедно со градоначалникот Звонко Пекевски остварија средба со граѓани од Берово на кои ги презентираа поедноставените постапки за поставување на фотонапонски централи, согласно измените на Законот за градење и тоа до 6 киловати за физички лица и 40 киловати за правни лица.

Министерот пред присутните потенцираше дека постапката за поставување на овој тип на фотоцентрали на кров се намалува од претходните 30 дена, сега само на 1 ден со тоа што заинтересираните правни или физички лица сега можат да поставуваат без одобрение за градење само со известување.

- Ова е време кога треба сите да размислуваме за поевтина енерегија за да можеме да заштедиме на нашите домашни буџети. Овие поедноставени процедури сега овозможуваат граѓаните и правните лица да можат без одобрение да постават кровни фотоцентрали. Ова е поедноставенапостапка која содржи само неколку чекори а тоа е: Подготвување на основен проект со две фази и тоа со архитектура и електрика и само известување до општината преку која граѓанинот ја информира општината дека пристапува кон поставување на енергетски објект на својот кров. Подтогтвени сме на овој начин да му помогнеме на електро-енергетскиот систем на државата но и да си помогнеме самите себе и да придонесеме за плаќање на помали сметки за електрична енергија - изјави министерот Благој Бочварски.  

Градоначалникот на општина Берово, Звонко Пекевски потенцираше дека во Берово интересот за поставување на фотоелектрично централи е огромен. Тој истакна дека во следниот период ќе им се излезе во пресрет на сите граѓани кои се заинтересирани за овие инвестиции.

Министерството за транспорт и врски и во следниот период продолжува со средби со граѓани во другите општини за промоција на поедноставените постапки за поставување на фотоволтаични електроцентрали. 

Можеби ќе ве интересира

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

НИНГБО – СТОТИЦИ ИЛЈАДИ КОНТЕЈНЕРИ, СТОТИЦИ ИЛЈАДИ ТОНИ СТОКА: Оттука па низ целиот свет, вака се поврзува Кина

НИНГБО – СТОТИЦИ ИЛЈАДИ КОНТЕЈНЕРИ, СТОТИЦИ ИЛЈАДИ ТОНИ СТОКА: Оттука па низ целиот свет, вака се поврзува Кина

КАКАОТО СЕ ПРЕТВОРИ ВО НАЈСЈАЈНА ЅВЕЗДА НА ПАЗАРОТ - на берзите се плаќа речиси по 10.000 долари за тон

КАКАОТО СЕ ПРЕТВОРИ ВО НАЈСЈАЈНА ЅВЕЗДА НА ПАЗАРОТ - на берзите се плаќа речиси по 10.000 долари за тон