Богдановиќ најави комунална полиција за чист Центар
Објавено во: Македонија 13 Октомври, 2017
Саша Богдановиќ кандидат за градоначалник од СДСМ за општина Центар најави формирање на комунална полиција која ќе се грижи за хигиената.
Во овој ангажман би се вклучиле пензионери, млади лица и самохрани родители кои би добивале надомест.
- Покрај стандардните, ќе бидат поставени канти за специјални намени. Тоа се таканаречените хуманитарни контејнери каде што граѓаните ќе може да оставаат облека и чевли – додаде Богдановиќ, кој најави организирање комунална полиција од цивилни лица во соработка со надлежните министерства.