18 Април, 2024
0.0355

Богоевски: Ова не е прогон на ВМРО-ДПМНЕ туку на злосторничкото здружение

Објавено во: Македонија 29 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Активистот на Шарената револуција кој ги застапуваше ставовите за формирање и слободно функционирање на СЈО, а подоцна стана и пратеник смета дека подигнатите обвиненија не се против ВМРО-ДПМНЕ како партија, туку против криминалното раководство. 

- За едно нешто Никола Груевски е во право. Вакво нешто не се случило никогаш во историјата.

Ниту во Македонија, ниту во Европа не се случило една банда да окупира владеачка политичка партија, а преку тоа и целата држава. Никогаш претходно, не се случило злосторничко здружение да се претвори во најбогатата партија во Европа и повеќе од една декада да се преправа дека е политичка партија која управува со правна држава и демократско општество.

Дури и Хитлер и неговата национал-социјалистичка партија имаа доволно храброст за да не се кријат пред својата држава и светот.

За се друго излажа.

Ова не е прогон на ВМРО-ДПМНЕ. Ниту партијата е под напад. Под напад и под прогон е злосторничкото здружение кое прво ја киднапираше партијата, па потоа државата.

Ова не се политички процеси. Ова се судски процеси, чиј предмет на докажување се политички постапки кои исполнуваат законски битија на различни кривични дела. Тоа што повеќето од обвинетите ги злоупотребиле своите политички функции за да можат да ги извршат овие, но и многу други кривични дела - не го прави прогонот политички.

А колку време имало да работи #СЈО, нека го праша Советот на јавни обвинители, ставревски и иванов кога одбиваа да доделат кадар, буџет, или пак идиотски се обидоа да ги аболицираат сите од кривичен прогон.

И за уште нешто е делумно во право. Заврши времето кога неговите политички блокирања на судските постапки можеше да ги сокрие зад лажната конструктивност, посочи пратеникот Павле Богоевски на Фејсбук профилот.


Можеби ќе ве интересира

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

Маричиќ со „дипломатски“ коментари на предлозите на Османи за Сребреница и Отворен Балкан

Маричиќ со „дипломатски“ коментари на предлозите на Османи за Сребреница и Отворен Балкан

„Алкалоид“ најпосакуван работодавач за 2023 година – апсолутен победник според „Вработување.ком“

„Алкалоид“ најпосакуван работодавач за 2023 година – апсолутен победник според „Вработување.ком“

„ПРОЛЕТ ВО МАВРОВО“: Снежно утро на Бистра

„ПРОЛЕТ ВО МАВРОВО“: Снежно утро на Бистра

„ВЕНКО, ЗОШТО ПАК ВО ПОЛИТИКА, МЕСТОТО НА ДОКТОРИТЕ Е ВО ЗДРАВСТВЕНИОТ СИСТЕМ?“: Филипче одговори на прашањето што сите си го поставуваат

„ВЕНКО, ЗОШТО ПАК ВО ПОЛИТИКА, МЕСТОТО НА ДОКТОРИТЕ Е ВО ЗДРАВСТВЕНИОТ СИСТЕМ?“: Филипче одговори на прашањето што сите си го поставуваат

„ОВА НЕ Е НОРМАЛНО ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО СКОПЈЕ“: Кејот под мостот Гоце Делчев претворен во паркинг!

„ОВА НЕ Е НОРМАЛНО ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО СКОПЈЕ“: Кејот под мостот Гоце Делчев претворен во паркинг!

„АКО ИМЕТО ЗАПАДЕН БАЛКАН ВИ ЗВУЧИ ПОГРДНО, ЗАГАДЕН БАЛКАН Е 100 ПРОЦЕНТИ ТОЧНО“: Д-р Нико Беќаровски објави поразувачка листа, Македонија втора во Европа по загаден воздух

„АКО ИМЕТО ЗАПАДЕН БАЛКАН ВИ ЗВУЧИ ПОГРДНО, ЗАГАДЕН БАЛКАН Е 100 ПРОЦЕНТИ ТОЧНО“: Д-р Нико Беќаровски објави поразувачка листа, Македонија втора во Европа по загаден воздух