24 Септември, 2020
0.0244

Богојески: Да изгласаме за 10ка, со тоа ќе внесеме во Парламент граѓански пратеници кои ќе ги менуваат работите од корен

Објавено во: Македонија 06 Јули, 2020

Петар Богојески на вечерашната граѓанска трибина што се одржа пред Спомен Куќата на мајка Тереза истакна “Апелирам сите граѓани, особено најразочараните од политиките на двата партиски блока да излезат на гласање бидејќи сите тие викаат дека се разочарани, се е исто 30 години и не излегуваат да гласаат. Токму тие поради кои си разочаран едвај чекаат да не излезеш на гласање за да си изберат со нивните малкумина војници. Сега е последна шанса да ги направиме тие вистински промени бидејќи јас ви гарантирам дека како што Заев не расчисти со Груевски, така и Мицкоски нема да расчисти со Заев. Затоа е најдобро да застанеме храбро и одлучно и изгласаме за 10ка. Со тоа ќе внесеме во парламент граѓански пратеници кои ќе ги менуваат работите од корен и без партиска контрола. Доколку сакате да биде казнета и сменета оваа Влада, а од друга страна да не дозволиме возобновување на бандитизмот во минатото, тогаш гласајте за број 10 бидејќи само ние имаме кредибилитет да не ги дозволиме тие процеси во парламентот.”

Во однос на промените кои се потребни во државата, Богојески се осврна на основните потреби на граѓаните да живеат во нормална држава.

“Идејата не води заедно, а идејата е нормална држава бидејќи стана претешко да се живее нормално. Ниту може човек да оди нормално на работа, ниту може од работа да се врати нормално, ниту децата имаат нормално образование, ниту пак имаме нормално здравство каде може да се лекуваме. Живееме во една тотална ненормалност. И сега, како до таа нормалност? Единствен начин до таа нормалност е да се промени политичкиот систем и да се суспендира моќта на политичките партии која се наоѓа денес во нивни раце, пред се на политичките лидери. Единствен начин да ја суспендираме оваа политичка елита која ги носи овие неправди во земјата е државата со закон да наметне внатрепартиска демократија за реформирање на партиите бидејќи нема капацитет тоа поинаку да се донесе. Тоа е услов за да прифатиме која било партија доколку имаме пратеници и учествуваме во формирање на Влада. Апсолутно нема да поддржиме формирање на Влада се додека не се донесат тие законски решенија, вклучувајќи го и ова”.

Покрај Петар Богојески, носителот на листата во ИЕ 1за политичката платформа Македонски концепт, на трибината говореа и кандидатите за пратеници д-р Елена Зафировиќ и Оливера Клинчарова, која говореше на тема екологија и еколошките приоритети на земјата.

“Нашата земја е надарена со многу природни богатства, а ние решивме да ги искористуваме најлошите, односно тие што не се обновливи. Место да градиме цело време хидроелектрани, термоцентрали и слично, ние можеме да го тераме зеленото сценарио. Тоа значи напуштање на конвенционалното греење и загадување на оваа почва и да се насочиме кон одржлив развој. Енергетските заедници се иновативна мерка која ја предлагаме сега и за која имаме поддршка од сите еколошки организации во Македонија и пошироко. Имам дозвола да ги споменам GoGreen, Не биди ѓубре и сите други кои се против труење на народот”, истакна Оливера Клинчарова во своето обраќање.

На тема здравствен систем во земјава говореше д-р Елена Зафировиќ која рече дека граѓаните мора да почнат да прашуваат затоа што тоа е наша граѓанска должност и да очекуваме одговори затоа што тоа е наше право со коешто се здобивме во демократијата, по што запраша “Зошто немаше одговорност на верските лидери коишто повикуваа на непочитување на мерките на карантинот? Зошто и дали ќе има одговорност од тие поради ситуацијата во која сме денес? Одговор ќе дадат тие кои ги воведоа мерките.“

Можеби ќе ве интересира

АПАСИЕВ ЗНАЕ И ДА ПОФАЛИ - премиерот, рака на срце, вчера го ислушал во Собранието

АПАСИЕВ ЗНАЕ И ДА ПОФАЛИ - премиерот, рака на срце, вчера го ислушал во Собранието

Избрани замениците министри, се финализираат директорите: Еве кои ги избра ДУИ

Избрани замениците министри, се финализираат директорите: Еве кои ги избра ДУИ

Куртули од „шамарите во Центaр“ - Даниела Рангелова е ослободена од обвинението

Куртули од „шамарите во Центaр“ - Даниела Рангелова е ослободена од обвинението

Во Скопје нема да има настава со физичко присуство во ниту едно основно училиште, пред комјутери и средношколците

Во Скопје нема да има настава со физичко присуство во ниту едно основно училиште, пред комјутери и средношколците

Жерновски се прости од МНР и Владата: Му благодарам на Заев за шансата

Жерновски се прости од МНР и Владата: Му благодарам на Заев за шансата

По Вице, сега и Зоран Заев „го влече“ Николоски по судови

По Вице, сега и Зоран Заев „го влече“ Николоски по судови

ВОНРЕДНА ПРОГНОЗА: Циклон кон Македонија, од викендов драстична промена на времето

ВОНРЕДНА ПРОГНОЗА: Циклон кон Македонија, од викендов драстична промена на времето

Нема судење, Боки 13 повеќе од две недели во болница

Нема судење, Боки 13 повеќе од две недели во болница

(ВИДЕО) Марко Бислимовски „наплати со крв“ во телевизиско студио за поскапувањето на струјата

(ВИДЕО) Марко Бислимовски „наплати со крв“ во телевизиско студио за поскапувањето на струјата