28 Март, 2024
0.0257

Богојески: Гласот за 10ка е глас за победа на граѓаните врз политичарите

Објавено во: Македонија 07 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Носителот на листа за пратеници од Македонски концепт за ИЕ1 заедно со кандидатите за пратеници за ИЕ2, како дел од теренските активности - средби со граѓани денеска ги посетија пазарот во Бутел, Бит Пазар и Стара скопска чаршија.  Не може да се опише разочараноста кај граѓаните кои преку разговор ја споделија со нас. Немаат надеж за подобра иднина во државата.

„Не е проблемот само во Владата, туку во целиот политички систем кој си игра со животот на граѓаните 30 години наназад. Луѓето веруваа дека со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ од власт, СДСМ ќе донесе промени. Напротив, ништо не се промени. Но овој пат Македонски концепт нуди избор. Јас сум уверен дека на 15 јули граѓаните ќе го направат вистинскиот избор и наместо да останат дома или да поништуваат гласачки ливчиња, одлучно ќе заокружат 10ка. Затоа што глас за 10ка значи глас за промена, глас за гаранција дека оваа власт ќе ја казниме, а нема да дозволиме ниту обнова на бандитизмот од минатото”, изјави Петар Богојески, лидер на Македонски концепт и носител на листа за пратеници за ИЕ1.

Граѓаните на Македонија заслужуваат држава во која може да живеат достоинствено. Ова е последна шанса да ја вратиме државата во рацете на граѓаните. 10ка за победа на граѓаните врз политичарите. 


Можеби ќе ве интересира

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?