18 Април, 2024
0.0323

Богојески: Поддршка на иницијативата на Антикорупциска за Закон за потекло на имот – само така може да имаме поштени народни пратеници

Објавено во: Македонија 07 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Македонски концепт ја поддржува иницијативата на претседателката на Антикорупциска, Билјана Ивановска за донесување на Закон за потекло на имот на сите новоизбрани пратеници во Собранието на Македонија како и именувани министри и високи функционери.

Проверка на имотната состојба на политичарите е проект што Македонски концепт ги понуди како дел од носечките столбови 3С за време на кампањата за предвремените парламентарни избори во јули. Еден од врвните приоритети треба да биде безусловно носење закон за докажување на потеклото на имотот на сите новоименуванипратеници, како и заплена на имотот на функционери и политичари коишто не можат да го докажат неговото потекло.

“Во Македонија е пракса да стекнатиот имот политичарите го прикажуваат на друго име, близок член од фамилијата.  Па така сите оние кои во изминативе 30 години ги видовме во собраниските редови, но и високи владини функционери наместо да работат за доброто на граните, тие ја искористија позицијата за да се збогатат. Само со вистинско докажување на имотот и казнивост за секоја злоупотреба на позицијата на која се поставени може да дојдеме до поштени и народни државни функционери кои ќе работат да ги претставуваат интересите на граѓаните, а не за лично збогатување”, изјави Петар Богојески од Македонски Концепт.

“Во текот на изборната кампања се изнаслушавме премногу надреални ветувања, како и дека ќе работат и служат за интересите на граѓаните, борба против криминал и корупција, повеќе пари кај граѓаните, подобра иднина. Сега е вистинскиот момент за новиот собраниски состав со донесување на овој Закон за потекло на имот да докажат и покажат на граѓаните дали навистина се грижат за доброто на граѓаните и државата”, додава Богојески.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?