Бојко Борисов: Ме плаши поделбата во Северна Македонија
Објавено во: Балкан 15 Ноември, 2019
Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, на вчерашниот Самит во Солун рече дека е загрижен за тоа што во Северна Македонија не постои политички консензус за прогресот кон Европската унија, од нсо дека го плаши внатрешната поделба по ова прашање.
- Тоа што ме тревожи е поделбата на општеството во Република Северна Македонија по темата „Европска Унија“. Една држава треба да има многу јасна визија кај сите партии, од целата политичка елита, дека тоа е долг и макотрпен пат, рече Борисов во дел од својот говор.
Тој додаде дека же продолжи да му помага на македонскиот премиер Зоран Заев по таа насока и дека Македонија и Албанија треба да имаа огромна и јасна посветеност кон целта.
На Самитот во Солун, покрај Борисов и Заев, присуствуваше и грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.