Добивај вести на Viber
Лидерот на бугарската ГЕРБ, Бојко Борисов, го обвинува претседателот Румен Радев за, како што вели, хаосот во Бугарија.
Ова тој го напиша вчера на својот фејсбук профил.
„Во моментов политичката состојба во Бугарија може да се утврди со само еден збор: ХАОС!
За војната меѓу партиите и омразата во општеството е виновен само делителот на нацијата Румен Радев! Овој човек не може да се нарече претседател на Република Бугарија!
Румен Радев го организираше протестот против кандидатот за премиер на Станислав Трифонов - како одмазда за одбивањето да ги постави неговите компромитирани министри. Тој е огорчен затоа што митот за неговата успешна канцеларија се сруши.
Спремни сме за нови избори, но ова е неодговорно однесување во ситуација на здравствена криза. Затоа го повикувам Станислав Трифонов да преземе лична одговорност за формирање влада!“, напиша Борисов на својот фејсбук профил.
фото: Фејсбук