24 Јануари, 2025
0.3169

БОЈКОТ ВО „11 ОКТОМВРИ“: Родителите не ги пуштија децата на настава поради префрлање на насилно дете од друго школо

Објавено во: Македонија 03 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

Бојкот има во основното училиште „11 Октомври“ во Центар поради префрлање на насилно дете од друго училиште.

Родителите на децата од прво до четвртто одделние и по една паралелка од шесто и седмо од ООУ „11 Октомври“ од Центар, Скопје, одлучија денеска да не ги пуштат децата на настава во знак на протест од одлуката на раководството на училиштето да запише дете, кое се изживуваше врз друго дете, но и врз наставници.

Со одлука на Советот на родители, е решено од денеска помалите деца да не одат на училиште и дека моментално таа одлука се спроведува. Доколку не се испочитуваат барањата на родителите, тогаш од утре на бојкотот ќе се приклучат и учениците од петто до осмо одделение.

Директорката Даница Блажеска објаснува дека ја довеле во заблуда и ја повлекла согласноста ученик со несоодветно поведение да учи таму.

Блажевска открива дека согласноста за упис била дадена откако родителите на детето дошле кај неа во училиштето и соопштиле дека поради промена на адреса на живеење сакаат да го запишат нивниот син во „11 Октомври“. Меѓутоа тогаш испливале информациите дека детето има историја на насилно однесување и дека неговото матично училиште „Лазо Ангеловски“ изрекло мерка за преместување на детето и тоа било префрлено на онлајн настава. Блажевска побарала информации од колешката во „Лазо Ангеловски“.

„Директорката на „Лазо Ангеловски“ вели дека третооделенецот се уште е нивен ученик, трансферот бил побаран од родителите, а не институционално и поради тоа не смеела да дава никаква информација за детето. Таа смета дека протекувањето на документите со историјата на ученикот е кривично дело“, вели Блажевска.

Во земјава имаше неколку алармантни случаи на врсничко насилство. Во скопско училиште деца се обидоа да силуваат друго дете со тврд предмет, а во Велес ученик претепа соученик кој заврши во болница. 

Можеби ќе ве интересира

Томовски: Зградите на ФИНКИ и Факултетот за физичка култура ќе се доградат, но не во барок стил

Томовски: Зградите на ФИНКИ и Факултетот за физичка култура ќе се доградат, но не во барок стил

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Кривичен ја уважи амнестијата за Ристевски, Вељаноски, Атанасовски и Јанакиески за настаните од 27 април

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Кривичен ја уважи амнестијата за Ристевски, Вељаноски, Атанасовски и Јанакиески за настаните од 27 април

Мицкоски се огласи, но не појасни: Суштината е мојата посета, а не поканата за инугурацијата на Трамп

Мицкоски се огласи, но не појасни: Суштината е мојата посета, а не поканата за инугурацијата на Трамп

БОНЕВА, СТАВРЕСКИ И ТРЕНОВ: Тројца видни членови на ВМРО-ДПМНЕ на иста маса, едниот веќе доби функција

БОНЕВА, СТАВРЕСКИ И ТРЕНОВ: Тројца видни членови на ВМРО-ДПМНЕ на иста маса, едниот веќе доби функција

Повредените од верижниот судир кај Смилковско езеро се во стабилна состојба

Повредените од верижниот судир кај Смилковско езеро се во стабилна состојба

КАВАДАРЦИ: Ќерка ја нашла мајка си мртва со повреди

КАВАДАРЦИ: Ќерка ја нашла мајка си мртва со повреди

Јаневска: Пронајдени бројни неправилности кај Европскиот универзитет на Мерко

Јаневска: Пронајдени бројни неправилности кај Европскиот универзитет на Мерко

АХМЕТИ ДО МАКЕДОНЦИТЕ: Некој треба да оди во Бугарија, друг во Албанија, но на кого ќе му ја оставиме оваа земја?

АХМЕТИ ДО МАКЕДОНЦИТЕ: Некој треба да оди во Бугарија, друг во Албанија, но на кого ќе му ја оставиме оваа земја?

Тримесечно бебе пронајдено починато

Тримесечно бебе пронајдено починато