28 Март, 2024
0.0261

БОЈКОТ ЗА „APPLE“: Ердоган се бори против телефонот што можеби му помогна да ја задржи моќта

Објавено во: Свет 16 Август, 2018

Добивај вести на Viber

Ноќта кога за малку ќе изгубеше сè, Реџеп Тајип Ердоган се одлучи на изненадувачки потег. На 15 јули 2016 година, тој немал толку многу опции откако бунтовничките војници ги заплениле телевизиските станици во земјата и ги парализирале телефонските мрежи. Како Ердоган можеше да ги повика своите следбеници да се спротивстават? 

"Го повикувам турскиот народ да се собере на плоштади и аеродроми, нема поголема моќ од луѓето", рече Ердоган. "Хиерархијата е нарушена, тоа е чекор против високите команданти на нивните подредени", рече тогаш тој.

Сликата беше не многу сјајна, но можеби токму тој потег му помогна на Ердоган да ја задржи својата моќ. Бунтовниците не успеаја да го блокираат Facetime и да го прекинат ширењето на видео пораката. Но, тоа е одлична иронија: Во ќор-сокакот Ердоган посегна за помош токму кон овој производ, на кој две години подоцна му најави бојкот, пишува во својата репортажа германскиот Die Welt.

Турскиот претседател сака да ги уништи животите на американските технолошки компании, пред се на Apple, иконата на индустријата. "Американците го имаат iPhone", рече Ердоган во говорот пред своите приврзаници, но "од другата страна е Samsung", појаснува тој. Подоцна на социјалните медиуми се ширеа снимки на кои се гледа како Турците ги демолираат своите iPhone телефони.

Причината за спорот со САД е фактот што Ердоган нареди апсење на американски пастор. За да го активира неговото ослободување, американскиот претседател Доналд Трамп двојно ги зголеми царинските давачки за челик и алуминиум од Турција. Потоа земјата падна во валутна криза, а лирата загуби значителен дел од својата вредност.

Како Ердоган планира да го спроведе бојкотот на Apple и да се осигура дека сонародниците во иднина ќе купуваат опрема од јужнокорејскиот конкурент на пример, останува нејасно. За Apple, мерката најверојатно нема да биде сериозен предизвик. Од вкупно 45 милиони корисници на смартфони во Турција околу 15% поседуваат iPhone - во споредба со другите пазари, како Германија или САД, тоа е релативно мал удел.

Ердоган, сепак, не е првиот политичар што се појави против Епл. Пред две години сличен потег направи и еден американец. Потоа тогашниот претседателски кандидат Доналд Трамп. Кога ФБИ побара пристап до iPhone во 2016 година поради терористички напад во февруари, Apple одби да го отклучи уредот, а Трамп повика на бојкот. И во тоа време тој се однесуваше како Ердоган денес: го испрати својот Твитер повик - од својот iPhone.

Уделот на iPhone во Турција не е толку значаен, но вестите за забраната на продажба на територијата на турската страна се "многу значајни", бидејќи би можеле да создадат домино ефект, тврди технолошкиот уредник на Bloomberg Марк Герман.


Можеби ќе ве интересира

„АЕРОДРОМИТЕ ОД КОИ ПОЛЕТУВААТ АВИОНИТЕ Ф-16 ЌЕ БИДАТ НАША ЛЕГИТИМНА ЦЕЛ“ - Путин тврди дека не планираат војна со НАТО

„АЕРОДРОМИТЕ ОД КОИ ПОЛЕТУВААТ АВИОНИТЕ Ф-16 ЌЕ БИДАТ НАША ЛЕГИТИМНА ЦЕЛ“ - Путин тврди дека не планираат војна со НАТО

Уште двајца починати и 100 хоспитализирани во Јапонија од диететски додаток

Уште двајца починати и 100 хоспитализирани во Јапонија од диететски додаток

ПРЕЖИВЕАЛ ТРИ ОБИДИ ЗА АТЕНТАТ: Израелските сили потврдија дека елиминирале висок командант на Хамас

ПРЕЖИВЕАЛ ТРИ ОБИДИ ЗА АТЕНТАТ: Израелските сили потврдија дека елиминирале висок командант на Хамас

ДОМАЌИНСТВАТА ФРЛААТ НАЈМНОГУ: Светот фрла 19 отсто од храната, а 783 милиони луѓе гладуваат

ДОМАЌИНСТВАТА ФРЛААТ НАЈМНОГУ: Светот фрла 19 отсто од храната, а 783 милиони луѓе гладуваат

СОРАБОТУВАЛЕ СО РУСИЈА: Украина уапси агенти

СОРАБОТУВАЛЕ СО РУСИЈА: Украина уапси агенти

ЗАГИНАА 140 ЛУЃЕ, ПОВРЕДЕНИ СЕ 360: Колку луѓе се водат како исчезнати по нападот во Москва?

ЗАГИНАА 140 ЛУЃЕ, ПОВРЕДЕНИ СЕ 360: Колку луѓе се водат како исчезнати по нападот во Москва?

МАСАКР ВО МОСКВА: Терористите добиле инструкции кога патувале за Турција?

МАСАКР ВО МОСКВА: Терористите добиле инструкции кога патувале за Турција?

ПОДДРШКА ЗА УКРАИНА: Десетици нобеловци го повикаа светот да ја засили борбата против Путин

ПОДДРШКА ЗА УКРАИНА: Десетици нобеловци го повикаа светот да ја засили борбата против Путин

ШТО СЕ СПРЕМА: Киргистан ги повика своите граѓани да не патуваат во Русија

ШТО СЕ СПРЕМА: Киргистан ги повика своите граѓани да не патуваат во Русија