29 Март, 2024
0.0375

Бoки 13 тврди дека има лажно Луј Витон обвинение

Објавено во: Македонија 01 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Обвинетиот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски денеска за обвинителката Вилма Русковска, кажа дека завршните зборови биле бледи и цитати од филмови, но без докази.

„Да беше жив Бранислав Нушиќ можеше слободно да ги замени неговите дела, „Госпоѓа министерка” со „Госпоѓа обвинителка”, „Сомнително лице” со „Сомнителен сведок”, а „Ожалестено семејство” со „Ожалостена држава”. Зошто? Затоа што сите сме сведоци на еден театар во судницата за оваа постапка. Јас сум имал врска со предметите на СЈО, колку што „Ролинг стоунс“ може да отпеат песна од Гоце Арнаудов“, рече Јовановски.

Тој обвинението го нарече лажно Луј Витон обвинение засновано само врз изјавата на Јордан Камчев.

Вели дека не се вештачи неговиот телефон, затоа што како што рече ќе се види комуникацијата и врската меѓу Сашо Мијалков и тогашниот премиер Зоран Заев. Јовановски тврди и дека чантата Луј Витон на Зоран Милевски ја немал допрено.

Завршни зборови утре треба да даде и поранешната специјална обвинителка,  Катица Јанева, а потоа ќе следува рочиште за изрекување на пресудата.

Обвинителката Вилма Русковска на 26 мај изјави дека е убедена дека го докажале обвиниението за случајот „Рекет“. 

Според неа, поранешната специјална обвинителка Јанева  уште живее во филмот на „Чарлиевите ангели“, но ги разочарала сите кои во неа верувале.

Во овој процес осуден е Кичеец кој ја призна вината. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење