27 Септември, 2024
0.0262

Боки 13 утринава однесен во операциона сала, интервенцијата е ризична

Објавено во: Македонија 30 Март, 2023

Добивај вести на Viber

Утринава во болницата „Св.Наум Охридски Скопје“ започнала операцијата на Бојан Јовановски-Боки 13 објави „Макфакс“. Боки утринава бил однесен во операциона сала, каде треба да му биде извршен оперативниот зафат. Адвокатот Владимир Туфегџиќ, полномошник на Јовановски-Боки 13 за „Макфакс“ ја потврдува информацијата и посочува дека станува збор за сложена интервенција која е ризична и животно-загрозувачка.

„По завршување на сите медицински испитувања, денеска во Универзитетската клиника за хируршки болести Св.Наум Охридски Скопје, се извршува хируршка интервенција врз Бојан Јовановски од страна на тим од повеќе специјалисти – хирурзи. Станува збор за исклучително сложена хируршка интервенција која е високо ризична и животно загрозувчка, на чии последици повеќе пати навремено писмено укажуваа лекарите специјалисти од областа“, вели адвокатот Туфегџиќ за „Макфакс“.

Дека ќе дојде до операција се навестуваше месеци наназад од страна на Јовановски-Боки 13 и неговиот адвокатски тим. Тие бараа хуман третман и да бидат почитувани мислењата од докторите од болницата „Св.Наум Охридски Скопје“ кои ординираа терапија и кажаа дека состојбата не може да се санира во затворски услови. 

Адвокатот Туфегџиќ посочува дека операцијата можеше да се одбегне ако надлежните органи односно Кривичниот суд и Управата за извршување санкции постапеле правилно.

Пред кратко време се огласи и мајката на Бојан, Јасминка Јовановска, која потенцираше дека ќе му биде извршена операција тотална гастректомија, односно целосно отстранување на витален орган желудник, со што ќе настапи траен инвалидитет кај нејзиниот син укажувајќи воедно дека значително е влошената неговата здравствена состојба

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски да го праша Орбан зошто унгарскиот амбасадор гласал за одвојување на Македонија и Албанија

СДСМ: Мицкоски да го праша Орбан зошто унгарскиот амбасадор гласал за одвојување на Македонија и Албанија

(ФОТО) ГОРИ СТРНИШТЕ: Чад кај Миладиновци

(ФОТО) ГОРИ СТРНИШТЕ: Чад кај Миладиновци

ГО ОДБИЈА ОРБАН: Бугарите не сакаат посредници за односите со Македонија

ГО ОДБИЈА ОРБАН: Бугарите не сакаат посредници за односите со Македонија

MAКСИМ НА СРЕДБА СО РУСКИОТ АМБАСАДОР: Во кумановските училишта ќе се учи рускиот јазик

MAКСИМ НА СРЕДБА СО РУСКИОТ АМБАСАДОР: Во кумановските училишта ќе се учи рускиот јазик

БУГАРСКИ НОВИНАРИ И АНАЛИТИЧАРИ: Во Македонија се очекува јасен став од албанските партии, го споменаа и Орбан

БУГАРСКИ НОВИНАРИ И АНАЛИТИЧАРИ: Во Македонија се очекува јасен став од албанските партии, го споменаа и Орбан

РАДЕВ ЗА КОЧНИЦАТА ЗА МАКЕДОНИЈА: Tоа се логични последици од она што се случува во Скопје и Тирана

РАДЕВ ЗА КОЧНИЦАТА ЗА МАКЕДОНИЈА: Tоа се логични последици од она што се случува во Скопје и Тирана

СОСТОЈБАТА СО ПРЕВЕНТИВНИТЕ ПРЕГЛЕДИ: Колку граѓаните ги користат овие здравствени услуги во Македонија?

СОСТОЈБАТА СО ПРЕВЕНТИВНИТЕ ПРЕГЛЕДИ: Колку граѓаните ги користат овие здравствени услуги во Македонија?

„Заев и Филипче лажеа дека Македонија ги почнала преговорите“: Митева од ВМРО вели „само СДС и ДУИ се апстрахираат од одговорност“

„Заев и Филипче лажеа дека Македонија ги почнала преговорите“: Митева од ВМРО вели „само СДС и ДУИ се апстрахираат од одговорност“

Орбан: Заемот за Македонија не е кинески кредит, не смееме да даваме кинески пари на други

Орбан: Заемот за Македонија не е кинески кредит, не смееме да даваме кинески пари на други