06 Декември, 2022
0.0231

БОЛНИОТ ВЕЌЕ НЕ МОЖЕ ДА СЕ ЛЕЧИ СО АСПИРИН И ЧАЈ - Народната банка мораше драматично да ја зголеми каматата, следува поскапување на кредитите

Објавено во: Финансии 17 Ноември, 2022

Добивај вести на Viber

Само во држава како Македонија, пошироката јавност не се сензибилизира на веста која вчера пристина од првата монетарна куќа во земјава, а таа е дека основната каматна стапка која служи како репер за сите други, се зголемува за фантастични 0,75 процентни поени во еден наврат, или, нејзиното ниво се искачи на веќе одамна заборавените 4,25 проценти.

А не така далеку наназад во временската отсечка, некаде на средината на април оваа година, или пред само седум месеци, земјава ја уживаше историски нанјниската основна камата што воопшто ја имала, или само 1,25 проценти. Тоа значи дека за нешто повеќе од половина година нашите монетарни власти биле принудени да ја зголемат основната каматна стапка за дури три процентни поени, или таа е покачена за речиси 3,5 пати.

Првото зголемување на основната камата предизвикано токму поради високата инфлација се случи во април, кога изнесуваше само 0,25 п.п. и дојде до ниво од 1,5 отсто. Од НБМ тогаш рекоа дека се принудени на ваква блага мерка, бидејќи мартовската инфлација тогаш беше достигнала 8,8 отсто, нешто што сега ни изгледа како „мало дете“ во однос на високите инфлациски бројки што ги испорачуваат домашните статистичари.

Потоа новото зголемување беше во мај, исто за 0,25 п.п, а исто толкаво благо покачување се случи и во јуни, со што каматата дојде до 2 проценти, сеуште пристојно ниво и незагрижувачко за оние кои би сакале да земат кредит.

Тогаш почнаа срамежливо и банките да ги зголемуваат каматите, и тоа пред се на депозитите, а од Македонската банкарска асоцијација изјавија дека секоја банка сама ќе си ја донесе одлуката дали ќе ги поскапува кредитите.

Во јули, пак, се случи ново, овој пат посериозно зголемување за 0,5 процентни поени или каматата дојде до 2,5 отсто. Во септември нов пораст исто за половина процентен поен или каматата дојде до ниво од три отсто, а во октомври уште една половина, со што основната камата сег веќе дјде до ниво од 3,5 отсто.

И, вчера следуваше најновиот каматен скок за цели 0,75 процентни поени, со што каматната стапка дојде до 4,25 проценти. А, само до пред неколку месеци на тоа ниво беа просечните камати на кредитите што деловните банки им ги одобруваат на своите клиенти во земјава.

Фактор разговараше со универзитетскиот професор Ванчо Узунов за мерката на централната банка, дали не е можеби преостра во поглед на затегнување на монетарната политика.

Узунов вели дека ова било неопходна мерка на централната банка, откако увидела дека инфлацијата не само што не се смирува, туку достигнува се повисоки стапки.

„Тоа е исто како кога ќе се разболи некој човек, и секако дека на почетокот обидите се тој да се излечи со чајче и аспирини, но кога ќе видите дека неговата температура со денови не паѓа, мора да се дадат посериозни лекови, со цел пак, потоа да не дојде до операција“, објаснува професорот за тоа дека НБМ била приморана да реагира на ваков начин, односно со посилна од вообичаената инфлациска терапија.

Професорот објаснува дека ние како граѓани и економија таа цена ќе мора да ја платиме, бидејќи повисоката камата сигурно ќе ја забави и економската активност во државава.

Комерцијалните банки се досега оддолуваа позначајно да ги кренат каматите на кредитите, но факт е дека најверојатно набргу ќе мораат да го сторат тоа, но и да го намалат кредитирањето, со оглед што станува збор за базична камата.

„Совршено ми е јасно дека никој не сака да се затегнува монетарната политика, но инфлацијата не запира. А факт е дека тоа ќе ги намали кредитите за компаниите и ќе ја забави воопшто целата економија“, вели Узунов, потенцирајќи дека е многу поопасно да не се заузда инфлацијата.

„Не е проблем ако овој и наредните месеци инфлацијата е по околу 20 отсто, но, што ако дојде до 120 отсто? Тоа е таа спирала од која потоа нема враќање. Од друга страна, ако се заузда инфлацијата во следниве месеци, НБМ, исто така постепено како што сега ја зголемува, ќе почне да ја намалува основната камата“, потенцира професорот Узунов.

А, НБМ вчера соопшти дека согласно со зголемувањето на основната каматна стапка, зголемени се и каматните стапки на кредитот преку ноќ, расположливите депозити преку ноќ и на седум дена, исто така за по 0,75 п.п. 

„Исто така, на седницата одржана на 14 ноември, Советот на Народната банка донесеодлука за промена на стапките на задолжителна резерва на банките, заради натамошно стимулирање на штедењето во домашна валута. Измената на овој инструмент, којашто е четврта по ред оваа година, опфаќа зголемување на стапката на задолжителна резерва на банките за обврските во странска валута од 18 на 19 отсто. Зголемен е и делот од задолжителната резерва во странска валута којшто банките го исполнуваат во евра, од 75 на 77 отсто, со што се зајакнува ефектот од промената во овој инструмент. Се очекува дека со мерката ќе се засилат започнатите промени во каматната политика на банките и дека банките ќе понудат поповолни камати за сите категории денарски депозити, придонесувајќи за посилен раст на штедењето во домашна валута. Истовремено, со оваа промена би се придонесло за оптимално управување со ликвидноста“, наведоа во соопштението од централната банка.

Наредните денови се очекува да се огласат и банкарите, во очекување да ги зголемат и своите каматни стапки.

Н.Н.Ф.

Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2022 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

БЕНКМЕН-ФРИД СЕ СОГЛАСИ ДА СВЕДОЧИ - Крипто клинецот сака пред Претставничкиот дом на САД да докаже дека не е измамник

БЕНКМЕН-ФРИД СЕ СОГЛАСИ ДА СВЕДОЧИ - Крипто клинецот сака пред Претставничкиот дом на САД да докаже дека не е измамник

И МИЛИОНЕРИТЕ СЕ ГРИЖАТ ЗА СВОЈАТА ПЕНЗИЈА - велат дека сега има многу проблеми, ќе работат уште долго

И МИЛИОНЕРИТЕ СЕ ГРИЖАТ ЗА СВОЈАТА ПЕНЗИЈА - велат дека сега има многу проблеми, ќе работат уште долго

ЦРНА ГОДИНА ЗА НАЈГОЛЕМИТЕ КРИПТО КОМПАНИИ Цените на биткоинот паднаа за 65 отсто, целосен колапс на Луна

ЦРНА ГОДИНА ЗА НАЈГОЛЕМИТЕ КРИПТО КОМПАНИИ Цените на биткоинот паднаа за 65 отсто, целосен колапс на Луна

Доларот на 16-неделен минимум во однос на конкурентите, еврото стабилно

Доларот на 16-неделен минимум во однос на конкурентите, еврото стабилно

БЕСИМИ: Во наредниот период ќе работиме на даночен модел со кој ќе постигнеме правичност и рамноправност

БЕСИМИ: Во наредниот период ќе работиме на даночен модел со кој ќе постигнеме правичност и рамноправност

НАЈАВЕНА ГОЛЕМА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА КОВАЧЕВСКИ, БЕСИМИ, ТРЕНЧЕВСКА И ЛУКАРЕВСКА - ќе се обелоденат ли новите даноци од идната година?

НАЈАВЕНА ГОЛЕМА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА КОВАЧЕВСКИ, БЕСИМИ, ТРЕНЧЕВСКА И ЛУКАРЕВСКА - ќе се обелоденат ли новите даноци од идната година?

ШТЕДИЛНИЦИТЕ ВЛЕГУВААТ „ВО ИГРА“ - Финансии крои закон со кој тие ќе можат да даваат платежни трансакции и да прифаќаат трансакции

ШТЕДИЛНИЦИТЕ ВЛЕГУВААТ „ВО ИГРА“ - Финансии крои закон со кој тие ќе можат да даваат платежни трансакции и да прифаќаат трансакции

СТИГНА ПРВИОТ ПОГОЛЕМ ЦЕХ ОД МОНЕТАРНОТО ЗАТЕГАЊЕ - каматите на новите кредити скокнаа на 4,44 отсто

СТИГНА ПРВИОТ ПОГОЛЕМ ЦЕХ ОД МОНЕТАРНОТО ЗАТЕГАЊЕ - каматите на новите кредити скокнаа на 4,44 отсто

НОВИ И КОРИСТЕНИ АВТОМОБИЛИ, ТОВАРНИ ВОЗИЛА, ПЛОВИЛА... - NLB Lease&Go влегува на македонскиот пазар за лизинг услуги, еве што може да се закупи

НОВИ И КОРИСТЕНИ АВТОМОБИЛИ, ТОВАРНИ ВОЗИЛА, ПЛОВИЛА... - NLB Lease&Go влегува на македонскиот пазар за лизинг услуги, еве што може да се закупи