„Бомби“ и денес ќе одекнуваат во Кривичен суд
Објавено во: Македонија 20 Август, 2018
Продолжува судењето на екс функционери кои СЈО ги обвинува за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања во 2012 година.
„Бомби“ ќе се слушаат и денеска во Кривичниот суд а првите аудио снимки беа слушнати во четвртокот.
Гордана Јанкуловска, Миле Јанакиески, Зоран Ставрески, и Мартин Протуѓер се поранешните функционери чии гласови на снимките беа најслушани а разговорите кои ги водеа се однесуваа на изборната кампања за изборите во 2013 година.