БОНОВИ ЗА ХРАНА ОД 5, 20 И 30 ЕВРА СЕ ДЕЛАТ ВО ФРАНЦУСКИТЕ ГРАДОВИ: Компензација на жителите за високите цени на храната
Објавено во: Економија 26 Мај, 2022
Инфлацијата во Франција, како и во сите земји во светот,
расте, поттикната од зголемените цени на храната и енергијата. Од овие причини неколку француски градови
почнаа да делат ваучери за храна како компензација на жителите за зголемените
цени на храната.
Како што објави ТВ Франс 2, на граѓаните им се доделуваат ваучери во вредност од пет, 20 и 30 евра. Градските администрации досега потрошиле околу 37 милиони евра за издавање купони и сертификати, како и за други мерки за поддршка на населението. Владата во Париз се уште нема донесено уредба за доделување на овие субвенции, но градоначалниците на некои француски градови одлучија сами да воведат бонови за храна, без да чекаат официјална владина одлука.
Идејата за дистрибуција на ваучери за храна за домаќинствата со средни и ниски приходи беше предложена од францускиот претседател Емануел Макрон и беше дискутирана долго пред претседателските избори. Приближно осум милиони француски граѓани ќе имаат право на ваков вид поддршка.
Инфлацијата во Франција, како и во сите земји во светот, расте, поттикната од зголемените цени на храната и енергијата. Експертите предупредуваат дека растот на цените и слабиот економски раст може да доведат до стагфлација во земјата.
ФОТО: YouTube Print ScreenМожеби ќе ве интересира
БЕЗ РАБОТНИЦИ НЕМА КОМПАНИИ, НО БЕЗ КОМПАНИИ НЕМА НИТУ РАБОТНИЦИ

Зошто Регулаторната комисија за енергетика ги „закла“ МЕПСО и Електродистрибуција?

МАКЕДОНЕЦОТ ГОРАН АНГЕЛЕСКИ НОВ ГЛАВЕН ФИНАНСОВ ДИРЕКТОР ВО А1 ХРВАТСКА - нов предизвик по долги години искуство во А1 Македонија

Туристички агенции добивале државна помош без решение, туристичките водичи „на отстрел“ од државата

МЛАДИ РЕВИЗОРИ ЌЕ ЗЕМААТ „ПОМЛАДА“ ПЛАТА - огласи за три вработувања во Државниот завод за ревизија, еве колку е почетниот износ

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Oд 1 јули поскапува струјата, Бислимовски вели дека 98,8 отсто од домаќинствата ќе плаќаат 7,4 отсто повеќе

ДА НЕ СЕ МЕНУВА ДАНОЧНАТА ПОЛИТИКА, А ВАЖНИТЕ ЕКОНОМСКИ ЗАКОНИ СЕКОГАШ ДА СЕ НОСАТ ВО КОНСУЛТАЦИЈА СО БИЗНИСОТ
