Борисов си даде оставка и отиде да игра фудбал со внуците
Објавено во: Балкан 18 Април, 2021
Бугарскиот премиер во оставка Бојко Борисов на неговата приватна Фејсбук страна објави фотографии заедно со неговите внуци на фудбалскиот терен. Текстот над објавата гласи:„Играта оди добро“
Неговата ГЕРБ освои најмногу гласови на парламентарните избори, но по се изгледа Влада ќе формираат второпласираната „Има таков народ“ на Слави Трифонов и третопласираната Бугарска социјалистичка партија.Повеќето парламентарни партии не сакаат да коалицираат со партијата на Борисов затоа што тивко се согласуваат дека неговото владеење било коруптивно.