23 Април, 2024
0.0289

БОРИС ЏОНСОН ПОВТОРНО ВО ПРОБЛЕМИ: Сопругата му направила роденденска журка за време на карантинот во Британија

Објавено во: Свет 25 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

Британскиот премиер Борис Џонсон се соочи со нова криза во неговиот мандат кога беше обвинет дека присуствувал и на друга забава за време на карантинот. Според новите откритија, Џонсон го прославил својот роденден во 2020 година со уште 30 луѓе на Даунинг стрит. Во тоа време, ваквите собири беа забранети со една од најрестриктивните мерки против ширењето на корона вирусот.

ITV News тврди дека Џонсон присуствувал на забавата организирана од неговата сопруга Кери на 19 јуни 2020 година во Даунинг стрит бр. 10, по повод прославата на неговиот 56-ти роденден.

Тие, наводно, го прославиле неговиот роденден откако посетиле училиште во Хертфордшир, каде Џонсон позирал со раширени раце за да ја покаже важноста на социјалното растојание.

На журката, наводно, присуствувал и Мартин Рејнолдс, главниот приватен секретар на Џонсон, кој исто така се соочува со критики за забавата на Даунинг стрит.

Неговиот кабинет негираше дека била организирана забава и за ITV News изјави дека група вработени кои работеле во премиерската резиденција тој ден се собрале накратко во кабинетот по состанокот за да му го честитаат роденденот на премиерот, „и тоа траерло помалку од 10. минути“.

Се верува дека на премиерот му била дадена торта додека неговата сопруга го охрабрувала персоналот да му пее роденденска песна на Џонсон. Џонсон и претходно даваше различни објаснувања за забавите во неговата резиденција. Прво изјави дека не е прекршено ниедно правило, а потоа им се извини на Британците.

Ова ново откритие доаѓа во време кога Џонсон е под истрага за првата забава на Даунинг стрит, што се одржа во мај 2020 година. Сите во Британија со нетрпение го очекуваат извештајот на Сју Греј, кој би можел да го отстрани Џонсон од функцијата.

Неколку месеци пред неговата роденденска забава, Џонсон ја пофали студентката која ја откажала роденденската забава поради изолација. Тој напиша на Твитер: „Жозефин на сите ни дава одличен пример со одложување на роденденската забава додека не го решиме проблемот со корона вирусот“.


Можеби ќе ве интересира

КУЛЕБА НАСКОРО ЌЕ ДАДЕ ОБЈАСНУВАЊЕ: Украина ги укина конзуларните услуги за машките државјани на воена возраст во странство

КУЛЕБА НАСКОРО ЌЕ ДАДЕ ОБЈАСНУВАЊЕ: Украина ги укина конзуларните услуги за машките државјани на воена возраст во странство

ГАЗА: Откриена е масовна гробница, дел од луѓето биле со врзани раце и нозе

ГАЗА: Откриена е масовна гробница, дел од луѓето биле со врзани раце и нозе

ГО ПОГОДИЛЕ БЕЛГОРОД: Руските сили фрлиле бомби на своја територија

ГО ПОГОДИЛЕ БЕЛГОРОД: Руските сили фрлиле бомби на своја територија

СКАНДАЛ ВО ГЕРМАНИЈА: Уапсен функционер на крајната десница - шпионирал за Кина

СКАНДАЛ ВО ГЕРМАНИЈА: Уапсен функционер на крајната десница - шпионирал за Кина

ДВА ХЕЛИКОПТЕРИ СЕ СУДРИЈА НА ВЕЖБА, 10 ЛИЦА ЗАГИНАА: Се појави видео од трагедијата

ДВА ХЕЛИКОПТЕРИ СЕ СУДРИЈА НА ВЕЖБА, 10 ЛИЦА ЗАГИНАА: Се појави видео од трагедијата

ЕВРОПА Е КОНТИНЕНТ КОЈ НАЈБРЗО СЕ ЗАГРЕВА: Големи последици за луѓето но и економијата и здравството

ЕВРОПА Е КОНТИНЕНТ КОЈ НАЈБРЗО СЕ ЗАГРЕВА: Големи последици за луѓето но и економијата и здравството

МИЛИОНЕРКА ОД ДУБАИ ОТКРИ КАКО ИЗГЛЕДА НЕЈЗИНАТА КУЌА ПО НЕВРЕМЕТО: Куќата и била вредна три ипол милиони евра, за среќа имала слуги да и помогнат

МИЛИОНЕРКА ОД ДУБАИ ОТКРИ КАКО ИЗГЛЕДА НЕЈЗИНАТА КУЌА ПО НЕВРЕМЕТО: Куќата и била вредна три ипол милиони евра, за среќа имала слуги да и помогнат

ЗНААТ КАКО ДА ЗАРАБОТАТ ГОЛЕМИ ПАРИ: Во оваа земја бројот на млади милионери скокнал за цели 75 отсто!

ЗНААТ КАКО ДА ЗАРАБОТАТ ГОЛЕМИ ПАРИ: Во оваа земја бројот на млади милионери скокнал за цели 75 отсто!

ЗЕЛЕНСКИ: Ако француските авиони можеа да го заштитат небото на Израел, зошто не и на Украина?

ЗЕЛЕНСКИ: Ако француските авиони можеа да го заштитат небото на Израел, зошто не и на Украина?