12 Декември, 2018
0.3374
    ALK 8298.81    0.33%     BESK 9000    0%     FERS 67900    -3%     GRNT 809.83    -0.13%     KJUBI 1590    2.58%     KMB 5145.51    1.65%     KONZA31 315    0%     MPT 47500    1.06%     MTUR 4900    1.03%     PKB 14300    -4.03%     PTRS 3075    0%     RMDEN16 97    -0.31%     RMDEN17 96.5    0%     STB 1290    0.78%     STIL 120.22    -1.46%     TNB 14170.18    0.14%     TTK 1280    2.78%     UNI 2300    3.09%     VROS 14640    0%

Борис Малагурски за Фактор: На Македонија ќе и треба чудо за да опстане

Објавено во: Македонија 09 Февруари, 2017

Борис Малагурски, српски филмски режисер, продуцент, сценарист, и активист кој одреден период живееше и во Канада, за Фактор открива што тој мисли за  иднината на регионот политички и економски. Дел од овие теми ги начнува и во филмовите кои ги режира.  Тој е критичар на многу збиднувања во Западен Балкан, со што привлекува внимание во медиумите и на социјалните мрежи, а за нашата земја вели дека нема светли прогнози.

Фактор: Будно ја следите состојбата во Западен Балкан. Во кој правец според вас економски и политички се движи регионот?

Правецот во кој  ќе се движи Балканот, во голема мера ќе зависи од глобалните случувања. По доаѓањето на Донал Трамп на власт во САД и затоплување на односите со Русија, се очекува помал притисок од западните агенти на политичките фактори на Балканот, но со затегнување на односите САД-Кина и САД-Иран, светот влегува во нова нестабилна фаза. Вооружувањето на државите на Балканот е реакција на промените кои на геополитички план ги донесуваат. Хрватска има причина да биде загрижена затоа што економијата е пред издишување, и евоцирањето на националните чувства не може да одвлекува внимание од лошиот живот. БиХ е поподелена од било кога и да се одржи заедничка држава  со Бошњаци, Срби и Хрвати за новата американска администрација може да биде неисплатливо затоа што таа гледа да заштеди каде може. Црна Гора стави коцка на НАТО, но новата американска администрација нема намера да се занимава со проширување, напротив ќе гледа што побезболно да се повлече од таа приказна. Не е јасно на кого ќе може Црна Гора да се потпре по толку лоши коцкарски потези. Србија за разлика од Црна Гора не се замери со Русите, и со подобрување на односите меѓу САД и Русија ќе може да води една суверена политика, ако има политичка сила, волја и мудрост за тоа. За Македонија немам светла прогноза. Компромисите со западот ја направија Македонија крајно загрозена и поделена држава и како таква ќе ѝ треба чудо за да опстане, за жал.

Фактор: Имавте низа критики за странските инвестиции во Србија. И Македонија се труди да привлече што повеќе странски инвеститори. Кој е вашиот став за странските инвестиции?

Странските инвестиции сами по себе не се лоша работа, но е катастрофално економскиот развој да се сведе на странски инвестиции, затоа што е потребно да се вложи во домашното производство и во домашните произведувачи. Она што ситуацијата ја прави уште полоша е одвојувањето на големи средства од државниот буџет за субвенционирање на странци. На тој начин државата се доведува во економск а зависност од странски компании и се гуши домашниот произведувач, кој директно може да биде темел за опоравување на некоја земја. Ако некој сака да инвестира во Србија или Македонија, тоа треба да го направи затоа што смета дека имаме квалитети со помош на кои можат да остварат профит заедно со нас. А што ние нив им говориме? „Еве ви ги нашите пари и земете ги нашите евтини работници“.  Со нивното експлоатирање, само ја продолжуваме агонијата во која нашите работници се наоѓаат, затоа што наместо да вложуваме во умови, во создавање на нови технологии, и да го шириме производството кое понатаму ќе го извезуваме во светот, ние се вадиме со погубната неолиберална идеологија на слободен пазар, која ја измислија богатите држави за да ги држат под контрола сиромашните.

Фактор:  Унгарскиот премиер, Виктор Орбан го пофаливте дека направил економско чудо. Што треба да направи една земја за да стане економско чудо во вистинска смисла на зборот?

Сите држави кои денес се богати правеле спротивно од она што ни го кажуваат. Тие не субвенционирале странски инвестиции, ги ограничувале согласно нивните потреби, а она што можеле да го произведуваат, го произведувале и државата стоела зад тоа. Ги приватизираа претпријатијата откако станаа гиганти. Приватизацијата во Македонија е катастрофално спроведена, и во Србија и БиХ и во другите земји од регионот е исто. Нас нè тераа да го приватизираме она што е уништено. И што се случуваше? Доаѓаа контроверзни бизнисмени и преку политички врски ги купуваа за ситни пари, продадоа што можеа, ги избркаа работниците, прогласија банкрот  и се повлекоа  на карибски острови. Да бидат земјите економско чудо, мора да го следат она што богатите земји го правеле, а нема висок раст без силен јавен сектор. Ако се обидам пластично да објаснам, неолибералната догма не убедува дека ако имаме доволно квалитетен производ тој ќе биде неминовно успешен на светскиот пазар ако нема ограничувања.  Во пракса тоа е трка на формула 1 и дете со тротинет. Колку и да е тоа дете талентирано, тоа нема да може да го достигне возачот на формула кога  ќе излезе на асфалт, а ако во него не се вложува со години нема да може да биде возач на формула 1.  Затоа треба да водиме паметна економска политика, да вложуваме во домашното производство за да излеземе на пазарот, да имаме компании кои се познати како ИКЕА и ЛГ, а во спротивно вечно ќе тапкаме во место. Виктор Орбан успеа да направи многу работи, а Унгарија и Исланд се земји кои покажуваат дека многу може да се направи ако има политичка волја и свесен народ.

Фактор: Кои се идните проекти на кои ќе работите?

Почнувам да работам на филмот „Тежина на синџирите 3“, кој ќе се занимава со климатските промени, загаденоста во нашите простори и ГМО храната. Засега нема многу да откривам, но можам да ги повикам луѓето да го поддржат тој проект со одење на сајтот www.weightofchains.ca/3Исто така планирам да снимам и прв игран филм комедија за група млади луѓе во Србија кои сакаат нешто да променат.

Фактор: Колкав временски период има откако од Канада се вративте во Србија?

Од 2011 година живеам во Србија, а дотогаш бев во Канада со години, но почувствував дека овде сум потребен и корисен. Сакам да ја посетам и Македонија, имам многу добри пријатели во Македонија и од Македонија. Во вашата земја посетив повеќе градови,  земјата има потенцијал и верувам дека ќе успее да  го отклучи, да ја сочува иднината.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

Најчевска наведе кои се лица не треба да бидат амнестирани за 27 април

Најчевска наведе кои се лица не треба да бидат амнестирани за 27 април

Трајковски заминал да го посети Груевски?

Трајковски заминал да го посети Груевски?

Битолчани вечерва дишат најзагаден воздух

Битолчани вечерва дишат најзагаден воздух

(ВИДЕО) Груевски бега од камерите пред ресторан во Будимпешта

(ВИДЕО) Груевски бега од камерите пред ресторан во Будимпешта

Дали Мицкоски се оградува од Груевски?

Дали Мицкоски се оградува од Груевски?

Кога обвинителството ќе објави детали за бегството на Груевски?

Кога обвинителството ќе објави детали за бегството на Груевски?

Немањето греење ја „замрзна“ културата во Куманово

Немањето греење ја „замрзна“ културата во Куманово

Полицијата ги уапси луѓето кои изгореа до темел кафеана во Дебар Маало

Полицијата ги уапси луѓето кои изгореа до темел кафеана во Дебар Маало

Коце Трајановски ги крие политичките амбиции

Коце Трајановски ги крие политичките амбиции