20 Април, 2024
0.0275

Борисов: Ниту Бугарите ќе дојдат да живеат во Македонија, ниту Македонците во Бугарија

Објавено во: Македонија 23 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Бугарскиот премиер Бојко Борисов кој денеска е во Струмица заедно со своите министри изјави дека луѓето од Македонија и Бугарија не треба да се оптоваруваат со историја, туку да му се радуваат на животот, затоа што вели ниту Бугарите ќе дојдат во Македонија, ниту Македонците во Бугарија. 

„Историчарите треба да се занимаваат со тоа. Ние со колегата Заев сакаме да решаваме практични прашања. Вие сте млади луѓе, не се замарајте, радувајте се на животот. Ниту ние ќе дојдеме да живееме тука, ниту вие кај нас. Можеме само да си го направиме живтот поубав“- рече Борисов.

Бугарскиот премиер ги спомна војните во бивша Југославија и рече дека вчерашната пресуда на Ратко Младиќ потсети какви ужасни работи се случуваат ако политичарите тргнат по тој пат.

Премиерите на Македонија и на Бугарија, Зоран Заев и Борисов по заедничката седница на Владите на двете држави во Струмица денеска порачаа дека Коридорот 8 ќе биде приоритет. 

„Една од најголемите желби е навистина од Скопје да не се патува четири-пет часа, туку многу брзо, тоа да биде возможно како алтернатива по убав автопат или по убава железница. Тоа е Коридорот 8 кој е лепеза на можности за граѓаните од целиот регион“ - вели Заев. 

Според Борисов, интересот да се финансира проектот е многу голем од сите затоа што гледаат дека реално може да се реализира. Тој вели дека треба да се случи со поголем притисок и гарантирано финансирање.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите