19 Април, 2024
0.0349

Борисов објави видео од средбата со Мицкоски: Ќе го почитувате договорот за добрососедство, или не!?

Објавено во: Македонија 21 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, во Загреб на Конгресот на Европската народна партија оствари средба со бугарскиот премиер Бојко Борисов, но она што остави впечаток е тоа дека претседателот на сестринската ГЕРБ објави видео од почетокот на состанокот на кој со сериозен тон го распрашува првиот човек на најголемата опозициска партија во Македонија. 

На прашањата дали ВМРО-ДПМНЕ има намера да ја турка Македонија кон НАТО и ЕУ и да го почитува договорот за добрососедство, Мицкоски му одговара на Борисов речиси потврдно.

- Сакам да кажам, кога Бугарија влегуваше во ЕУ - и комунисти, и либерали и десни - имаше народен консензус за тоа дека патот на Бугарија е во НАТО и ЕУ. Затоа многу ми е важно да знам што мисли нашата сестринска партија за Северна Македонија и НАТО, рече Борисов пред Мицкоски.

На ова Мицкоски му одговара дека за тоа нема дилема и дека неговата партија уште во 1991 била ориентациски кон ЕУ и НАТО, додека „комунистите се колнеле во Белград и Москва“.

- Многу е важно да го знаеме тоа, да се слушне јасно. Вие го поддржувате ли договорот за добрососедство со Бугарија. Не се знае кој ќе победи утре на изборите - ВМРО-ДПМНЕ или социјалдемократите, вели потоа Борисов.

„Се што може да биде позитивно и за двете страни , и за Македонија и за Бугарија, тука исто така не треба да има дилема“, рече Мицкоски.. 

Тој на средбата беше придружуван од Тимчо Муцунски, Влатко Ѓорчев и Александар Николовски.


Можеби ќе ве интересира

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден

СОНК не сака да одработува саботи во училиштата

СОНК не сака да одработува саботи во училиштата

ФОТО:СЕ ПРЕВРТЕ ВОЗИЛО ПО ПРЕВОЈОТ СТРАЖА НА ПАТОТ ГОСТИВАР-КИЧЕВО: Се чека полицијата да пристигне

ФОТО:СЕ ПРЕВРТЕ ВОЗИЛО ПО ПРЕВОЈОТ СТРАЖА НА ПАТОТ ГОСТИВАР-КИЧЕВО: Се чека полицијата да пристигне

ЕДЕН ОД КРАДЦИТЕ НА СЕФОТ НА „ВОСТАНИЧКА“ ПАДНА ВО РАЦЕТЕ НА ОЈО: Станува збор за 23 годишно момче, еве ги деталите

ЕДЕН ОД КРАДЦИТЕ НА СЕФОТ НА „ВОСТАНИЧКА“ ПАДНА ВО РАЦЕТЕ НА ОЈО: Станува збор за 23 годишно момче, еве ги деталите

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет