Борисов предлага затворање на сите граници во ЕУ за мигранти
Објавено во: Балкан 18 Јуни, 2018
Бојко Борисов објави дека Бугарија ќе предложи на претстојниот Европски совет да бидат затворени сите надворешни граници и официјално секој кој сака да влезе во ЕУ, да поминува низ контролни премини и да му се земат отпечатоци, пишуваат бугарските медиуми.
Тоа го истакнал премиерот на Бугарија пред учесниците на седницата на Конференцијата на комисиите за европски прашања на парламентите на ЕУ (КОСАК) во НДК, соопштуваат медиумите.
Тој истакнал дека варијантата итната превенција, која треба да е во основата на борбата против нелегалната миграција во Европа, е компромисна.
„Официјално секој кој сака да влезе во ЕУ, треба да влезе на контролни премини, таму да му се видат отпечатоците, да се прегледа, да се види. Ова не се разликува од она што се прави во САД, Канада и каде било. Ова што не се прави во Европа е голема грешка!“, рекол Борисов.
Бугарскиот премиер смета дека е најдобро "внатре во ЕУ, е добро да се види кои мигранти можат да бидат интегрирани, а останатите да се вратат во земјите на потекло". Инаку, предупредил тој, оваа тема ќе ги расцепува општествата, а и не е правилно, зашто не може секој да доаѓа од каде сака и да си прави што сака.