Борисов се договори со бугарскиот муфтија: За Рамазан бајрам молитви само во дворовите
Објавено во: Балкан 21 Мај, 2020
Бугарскиот премиер Бојко Борисов се договори со бугарскиот главен муфтија Мустафа Хаџи молитвите на исламската верска заедница во земјата молитвите за празникот Рамазан Бајрам да се одржуваат само во дворовите на џамиите.
Борисов по состанокот додаде и дека Бугарија била единствената земја во Европа која не пропишала никакви забрани за верниците за време на христијанскиот празник Велигден.
- Уште еднаш сакам да го честитам празникот. Бидете живи и здрави. Заедно да ја надминеме оваа тешкотија и да работиме на просперитетот на Бугарија, рече Борисов по средбата.
Главниот муфтија наведе дека строго ќе се почитуваат препораките за физичка дистанца и носење заштитни маски.