Борисов се јави на фејсбук: Со овој договор се затвораат сите проблеми
Објавено во: Балкан 17 Јуни, 2018
Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, веднаш по потпишувањето на договорот во Преспа се јави со коментар на фејсбук, истакнувајќи дека со парафот Македонија тргнува напред.
- Најважно сега е граѓаните на Балканот да разберат дека овој договор не води до територијални претензии или идни проблеми, туку напротив, тој ќе ни помогне сите ние заедно да живееме подобро. Верувајте дека времето ќе покаже дека сите инаетења биле непотребни. Се надевам дека до крајот на месецот Советот на ЕУ во рамките на Бугарското претседателство ќе ја отвори вратата за преговори, а во текот на јули нашиот сосет да добие зелено светло од НАТО. Денешниот ден е добар и за Бугарија - никој не може да просперира, ако неговите соседи не се во таква ситуација - напиша Борисов.