25 Мај, 2018
0.3451
    ALK 7872.21    -0.65%     BESK 8017.33    3.6%     GRNT 748.68    4.56%     KPSS 300    -36.31%     MPT 31000.31    0%     OHB 6396.66    -0.83%     REPL 62000    0.81%     RMDEN13 96.7    0.73%     RMDEN14 96.1    0.63%     RMDEN16 95.5    0%     RZIN 125    4.17%     SBT 1951    -0.61%     SLAV 3600    0%     STB 1015.5    -0.27%     STBP 1180.55    5.3%     STIL 130    -0.94%     TEL 278.08    2.99%     TNB 12929.5    -4.14%     TTK 881.96    2.88%     UNI 2360    -0.04%     USJE 23003    -0.63%     ZPKO 2857    0%

БОРКО СИ ЈА ОТВОРИ ДУШАТА: Зошто нашиот голман „распали“ по Червар?

Објавено во: Македонија 20 Јануари, 2018

Сега сите се чудат како јас реков дека Лино Червар го прегазило времето, а дека го прегази времето веќе одамна, уште пред десет години, знаат сите кои се во ракометот, вели голманот на ракометната репрезенатација на Македонија Борко Ристовски.

Со изјавата како хрватскиот стратег Червар го прегазило времето и како е најслаба карика на хрватската ракометна репрезентација, Борко излезе од вообичаените рамки на комуникација и им даде потврда на оние кои мислат дека времето на Лино одамна поминало. Ги нема оние, додуша, многу кои јавно тоа се осудуваат да го кажат, но Ристовски го нема тој проблеми, пренесува 24часа.хр.

-Лино веќе долго живее во минатото, не го следи развојот на модерн ракомет ,и тоа е главен проблем на вашата репрезентација. Човекот ја има во раце една од најдобрите репрезентации, врвни играчки, услови какви нема никој, има и сјајна поддршка од трибините, а прашањето е дали ќе се пласирате во полуфинале бидејќи она што Хрватска го играше во групната фаза, е далеку од вистински ракомет, тоа е ракомет каков што се играше пред 10 години-тврди Борко, кој со Червар кратко соработуваше во Металург, а односите меѓу нив двајца се „влошија“ откако хрватскиот стратег не го повика голманот во репрезентацијата на Македонија на СП во Франција која ја водеше нашата селекција.

-Брзо сфатив дека тоа е тренер кој воопшто нема спортски амбиции, неговите амбиции се самопромоција и пари. Затоа никој никогаш не се запраша како Лино никогаш не отишол да работи во некој голем клуб, туку живее во „студенилото“ на Македонија, каде за големи пари работи практично без притисок. Што и да направи тоа е голем успех. Јас не знам дали тој воопшто го следи развојот на ракометот, дали гледа Лига на прваци ...Знаете ли колкава е разликата помеѓу него и селекторот на Македонија Раул Гонзалез? Огромна. Со Лино на последното СП бевме 15, а сега ја поминавме групата, и сме на три бода до влез во полуфинале. Лино само гледаше како ќе „купи“ уште година две на клупата до пензија, а потоа, на среќа на македонскиот ракомет, го повика Хрватска.

Сепак, на изјавите на Борко, не остана должен ниту Червар.

Тој ја прифати „вербалната“ војна од Борко и рече дека не му е важно тоа што го зборува тој бидејќи само станувало збор за провокации.

„Ова е обид да ми се наруши мирот. Сите кои ме познаваат мене и него, се знаат. Јас немам никаква потреба да зборувам за него“, рекол Червар пред новинарите.

Ристовски вели дека е воодушевен од играта на нашата репрезентација, но верува дека има уште простор за напредок. Посебно во пеколна атмосфера која ја создаваат навивачите кои ги следат.

Можеби ќе ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ на Фејсбук повика на антивладин протест на 2 јуни

ВМРО-ДПМНЕ на Фејсбук повика на антивладин протест на 2 јуни

Му го каменувале автомобилот и го тепале

Му го каменувале автомобилот и го тепале

Шешељ го нарече Џафери терорист, а тој вели не се оптоварува со тоа

Шешељ го нарече Џафери терорист, а тој вели не се оптоварува со тоа

УШТЕ ЕДНА ТРАГЕДИЈА: Прегазен пешак во Ѓорче Петров

УШТЕ ЕДНА ТРАГЕДИЈА: Прегазен пешак во Ѓорче Петров

На кои реки им се зголеми водостојот?

На кои реки им се зголеми водостојот?

КОЛКУ СЕ ЗАШТИТЕНИ РАБОТНИЦИТЕ: Работник во Струга тешко повреден од пад од скеле

КОЛКУ СЕ ЗАШТИТЕНИ РАБОТНИЦИТЕ: Работник во Струга тешко повреден од пад од скеле

Разбојници ноќеска ограбиле бензинска кај Радишани и избегале

Разбојници ноќеска ограбиле бензинска кај Радишани и избегале

ГРУЕВСКИ НА ФЕЈСБУК: Прва пресуда, прва реакција?

ГРУЕВСКИ НА ФЕЈСБУК: Прва пресуда, прва реакција?

АГРЕСИЈА ПОМЕЃУ ПРИЈАТЕЛИ: Се степале девојчиња во ноќен клуб во Скопје

АГРЕСИЈА ПОМЕЃУ ПРИЈАТЕЛИ: Се степале девојчиња во ноќен клуб во Скопје