19 Април, 2024
0.0273

Босанските власти ќе ја санираат пештерата на Тито во Дрвар

Објавено во: Балкан 30 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

Ќе се санира пештерата на поранешниот претседател на Социјалистичка федеративна република Југославија, Јосип Броз Тито. 

Владата на Босна и Херцеговина денеска одобри 25.000 евра за санација на пештерата која се наоѓа во Дрвар.

Федералното министерство за околина и туризам се обрати за помош до началникот на Општина Дрвар, за да се обезбедат средства за санација на пештерата во рамки на Спомен-комплексот „25 мај”.

Оштетувањата на тој споменик има по силното невреме, кое се случи неодамна.

Во пештерата над Дрвар, еден период во Втората светска војна било сместено седиштето на Врховниот штаб на партизанските единици и нивниот командант Јосип Броз Тито.

Во мај 1944 година, Дрвар беше место на големи битки кога германските окупаторски единици извршија десант со цел да го уништат партизанското раководство, да го убијат или уапсат Тито, на чиј роденден, на 25 мај, е извршен нападот.

Минатиот месец одрон ја оштети дрвената барака што се наоѓа пред неа.

Одронот уследи по неколкумесечните врнежи во тој дел од Босна и Херцеговина, поради кои кон крајот на јануари на подрачјето на Дрвар беше прогласена елементарна непогода.

Пештерата е дел од Спомен-комплексот „25 мај“, кој е еден од главните извори на приходи во општинската каса, но како што тогаш изјави градоначалничката на Дрвар, Душица Руниќ, Општината се наоѓа во многу тешка финансиска состојба и нема средства да ги санира штетите од одронот.

Пештерата годишно ја посетуваат меѓу пет и десет илјади туристи.

Можеби ќе ве интересира

ДАЧИЌ: Дали Османи зборува во името на цела Северна Македонија, македонскиот или албанскиот народ?

ДАЧИЌ: Дали Османи зборува во името на цела Северна Македонија, македонскиот или албанскиот народ?

ПАРЛАМЕНТОТ НА РЕПУБЛИКА СРПСКА ГО НЕГИРА ГЕНОЦИДОТ ВО СРЕБРЕНИЦА: Велат дека го подигнуваат нивото на национална свест

ПАРЛАМЕНТОТ НА РЕПУБЛИКА СРПСКА ГО НЕГИРА ГЕНОЦИДОТ ВО СРЕБРЕНИЦА: Велат дека го подигнуваат нивото на национална свест

ФОРЕНЗИЧАР ВЕРУВА ДЕКА УБИЈЦИТЕ ЈА РАСПАРЧИЛЕ ИЛИ ЗАПАЛИЛЕ ДАНКА: Деловите можеби ги однеле на 50-60 километри

ФОРЕНЗИЧАР ВЕРУВА ДЕКА УБИЈЦИТЕ ЈА РАСПАРЧИЛЕ ИЛИ ЗАПАЛИЛЕ ДАНКА: Деловите можеби ги однеле на 50-60 километри

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

ПО ПРЕБРОЕНИ 98 ОТСТО ОД ГЛАСОВИТЕ: ХДЗ има 60, а СДП 42 пратенички мандати

ПО ПРЕБРОЕНИ 98 ОТСТО ОД ГЛАСОВИТЕ: ХДЗ има 60, а СДП 42 пратенички мандати

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

ПРЕД САМИОТ СТАРТ НА ЛЕТНАТА СЕЗОНА: Црна Гора има сериозни проблеми, добро подгответе сѐ ако планирате таму на одмор

ПРЕД САМИОТ СТАРТ НА ЛЕТНАТА СЕЗОНА: Црна Гора има сериозни проблеми, добро подгответе сѐ ако планирате таму на одмор

ГИ НАРЕКОА ПРИМИТИВЦИ: Босански здруженија бараат гонење на Додик и Вучиќ поради негирање на геноцидот во Сребреница

ГИ НАРЕКОА ПРИМИТИВЦИ: Босански здруженија бараат гонење на Додик и Вучиќ поради негирање на геноцидот во Сребреница

Еден од убијците на Данка Илиќ сакал да го смени адвокатот

Еден од убијците на Данка Илиќ сакал да го смени адвокатот