Бошњаковски: Владата побра од МВР да истражи коруптивни случаи
Објавено во: Македонија 13 Октомври, 2017
Портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски денеска на прес-конференција информираше дека Владата од Министерството за внатрешни работи побарала истрага за неколку случаи во за тендери, набавки и договори за кои според Бошњаковски постоеле индиции дека со нив е направена штетата на буџетот на државата.
Во врска со сомнителните набавки во АДСДП, според документите со кои располагаат службите на Владата, имало индиции дека биле користени дампинг-цени за набавка на стоки и на услуги за кои реално се знаело дека нема да бидат набавувани. Целта, како што истакна Бошњаковски, била компанијата „Атриум“ од Вевчани да биде фаворизирана, односно да биде најдобро рангирана во тендерската постапка и да добие повластена позиција.
Исто така постојат сомнежи за хонорарните исплати на Александар Никовски кој добил 220 илјади евра како советник на екс премиерот Никола Груевски.