20 Јануари, 2020
0.0152

Босна доби „патриотски фронт“, се залагаат за она за што се противат босанските Срби

Објавено во: Балкан 17 Мај, 2019

Три босански партии формираа „патриотски блок”.

Тие денеска потпишаа заедничка изјава со која прогласија формирање „патриотски блок” и ги утврдија принципите и приоритетите на неговото дејствување во законодавната и извршната власт.

Заедничката изјава ја потпишаа бошњачката националистичка Партија за демократска акција (СДА) на Бакир Изетбеговиќ, мултиетничкиот социјалдемократски Демократски фронт (ДФ) на Жељко Комшиќ и бошњачкиот конзервативен Сојуз за подобра иднина (СББ) на Фахрудин Радончиќ.

Трите партии се обврзуваат на одбрана на суверенитетот, територијалниот интегритет и уставното уредување на Босна и Херцеговина и зачувување на мирот, стабилноста и безбедноста на земјата и на „придобивките и вистината за одбранбената војна 1992-1995 година”.

„Патриотскиот блок” се залага и за зачленување на БиХ во НАТО и за итно активирање на Акцискиот план за членство на земјата во Алијансата, на што категорично се противат партиите на босанските Срби.

Партиите во БиХ уште не можат да се договорат за формирање на нова Влада на централно ниво по изборите одржани лани во октомври.

Можеби ќе ве интересира

По две децении воведена директна авиолинија Белград – Приштина

По две децении воведена директна авиолинија Белград – Приштина

(ВИДЕО) СЦЕНИ КАКО ОД АМЕРИКАНСКИ ФИЛМ: Сведоци за ликвидацијата на црногорскиот клан во Атина

(ВИДЕО) СЦЕНИ КАКО ОД АМЕРИКАНСКИ ФИЛМ: Сведоци за ликвидацијата на црногорскиот клан во Атина

Две жени во Србија го фатија крстот за Водици

Две жени во Србија го фатија крстот за Водици

Повторно силен земјотрес во Грција

Повторно силен земјотрес во Грција

(ФОТО) ВЕРУВАЛЕ ИЛИ НЕ: Вучиќ подготвува сарми

(ФОТО) ВЕРУВАЛЕ ИЛИ НЕ: Вучиќ подготвува сарми

Измамници со лажни венчаници доаѓале до недвижности од починати луѓе

Измамници со лажни венчаници доаѓале до недвижности од починати луѓе

Силен земјотрес во близина на Закинтос

Силен земјотрес во близина на Закинтос

Грипот „коси“ во соседството, во Грција починале седум лица

Грипот „коси“ во соседството, во Грција починале седум лица

ГРЧКИТЕ ПАРТИИ СЛОЖНИ: Веројатно ќе ја имаат првата дама претседателка на државата

ГРЧКИТЕ ПАРТИИ СЛОЖНИ: Веројатно ќе ја имаат првата дама претседателка на државата