БОСНА Е СЛЕДНА ЦЕЛ НА ПУТИН, ЈУШЧЕНКО СО ДРАМАТИЧНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Русија нема да запре, ако Украина не ја спречи

Објавено во: Свет 19 Март, 2023
Поранешниот украински претседател Виктор Јушченко предупреди дека Русија нема да престане со својата експанзионистичка политика и ќе продолжи да напаѓа други земји, како што е Босна и Херцеговина, доколку сега не се запре руската агресија врз Украина.
„Ако Украина не ја запре Русија, сега вие (БиХ) сте следните“, рече Јушченко во интервјуто објавено денеска од босанско-херцеговската агенција Фена.
Јушченко беше претседател на независна Украина од 2005 до 2010 година, откако ја предводеше „Портокаловата револуција“ што доведе до соборување на режимот близок до Москва.
Тој беше отруен со диоксин, а истрагата што беше спроведена ги потврди индициите за вмешаност на Русија во обидот за убиство на овој политичар кој отворено се залагаше за прозападна политичка ориентација и се залагаше за пристап на Украина за членство во НАТО.
Јушченко вели дека тврдењата на рускиот претседател Владимир Путин за причините за нападот врз Украина поради наводната закана за безбедноста на руските граници се целосна глупост и посочува дека низ историјата, секогаш кога Украина сакала да биде независна земја, таа била мета на руските агресивни намери.
„Оние кои ја започнаа оваа војна мора да завршат зад решетки“
Тој ги нарече потполно неприфатливи повиците за прекин на војната во Украина со започнување преговори со Русија и признавање на окупацијата на делови од украинската територија, велејќи дека тоа ќе биде исто како да се преговара со Хитлер на тој начин во 1942 или 1943 година.
„Мирот може да се постигне на два начина – или си победник или капитулираш. Изберете“, рече поранешниот украински претседател. Тој силно го поддржува гонењето на одговорните за воените злосторства во Украина.
„Оние кои ја започнаа оваа војна мора да завршат зад решетки. Не сакаме да ги предадеме 15-те милиони Украинци кои беа раселени од оваа војна“, рече Јушченко.
ФОТО: EPA/Marcin Obara
Можеби ќе ве интересира
Жртви и над 150 повредени во земјотресот во Авганистан

(ВИДЕО) Земјотрес во Авганистан ги потресе и Пакистан, Киргистан, Туркменистан, Узбекистан и Индија

БАБА ЈА ПРОДАВА КУЌАТА ВО КОЈА ЖИВЕЕЛА 102 ГОДИНИ: Ja купила за 200 фунти, а сега може да добие 200.000 евра

Захарова: Некогаш убавата вестерн „градина“ целосно избледе, можеби им недостига руско ѓубриво

Објавен новиот план на ЕУ за забрана на дизелашите и бензинците

НЕКОГАШ НА ВРВОТ НА СВЕТОТ, ДЕНЕС ИМ СЕ ЗАКАНУВА ЗАТВОР - Путин и Трамп во судир со законите

НАД 200 ЛУЃЕ УАПСЕНИ ВО ПАРИЗ - Изгласаната доверба во владата на Макрон поттикна нови протести (Видео)

ДАЛИ МАКЕДОНИЈА ЌЕ ГО АПСИ ПУТИН? Еве кои земји немаат обврска да го уапсат

ПО ШЕСТ ГОДИНИ ЗАЛОЖНИШТВО КАЈ ЏИХАДИСТИТЕ, ВЧЕРА КОНЕЧНО ПУШТЕН НА СЛОБОДА: Американски хуманитарец бил киднапиран во 2016 година!
