БПЦ: Нема да останеме рамнодушни на страдањето на МПЦ

Објавено во: Македонија 27 Ноември, 2017
Бугарската православна црква - Бугарска Патријаршија нема да остане рамнодушна на страдањата на Македонската православна црква. Свети апостол Павел не учи за Црквата дека таа е телото Христово и затоа вели казва „И кога страда еден член, со него страдаат сите членово,; кога се радува еден член, со него се радуваат членове”, се вели во соопштението на БПЦ.
Затоа Синодот на Бугарската православна црква одлучи да го прифати предлогот на Македонската православна црква по упатеното писмо на архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан и да даде целосна помош во посредувањето пред останатите помесни цркви за утврдување на канонскиот статус.
На седницата на Синодот на бугарската патријаршија донесена е одлука за формирање на синодска Архиерејска комисија од осум члена, која ќе ја застапува МПЦ пред останатите помесни православни цркви за утврдување на канонскиот статус на МПЦ.
„Тоа е најмалку што можеме да направиме. Бидејќи тие се наши браќа, наш народ. И ќе се стремиме да се зачува единството“, изјави бугарскиот патријарх Неофит.
МПЦ-ОА на 9-ти ноември испрати писмо до БПЦ во кое бараше да биде признаена како автокефална црква, а БПЦ да биде нејзината мајка-црква.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Пратениците не си ги скратија патните трошоци

ТРИФОНОВ ВЕЛИ ДЕКА МАКЕДОНЦИТЕ СЕ МНОГУ НЕБЛАГОДАРНИ: Преку криви макарони ќе ја видат ЕУ

ДВА МЕСЕЦИ ЌЕ ИМА ЗАСТОЈ: Дел од товарен воз кој сообраќал од Гевгелија за Солун излетал од шините

ПРАТЕНИКОТ МУРАТИ ГО КРИТИКУВАШЕ ГОВОРОТ НА ДОДИК ЗА СВЕТИ САВА: Стоилковиќ даде објаснување за настанот

ЌЕ СЕ МЕНУВА ДРЖАВНИОТ ГРБ: Мицкоски и ВРЕДИ разговараат за ова прашање

OJO: Преку системот на Европол ќе се обезбедуваат податоци за банкарски сметки и имот во странство на корумпирани бизнисмени и функционер

ЗАПЛЕНЕТA ГОЛЕМА КОЛИЧИНА ДРОГА НА ГРАНИЦА - голема акција на МВР и Царина

ОПОЗИЦИЈАТА ПРАШУВА, ВЛАСТА ОДГОВАРА - еве кои пратеници и министри денеска ќе ги вкрстат копјата
