23 Април, 2024
0.0260

„Брако“ - втора година по ред компанија - партнер во спроведувањето на Дуалното стручно образование

Објавено во: Мои пари 18 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

„Брако“ е сертифицирана компанија што веќе втора учебна година по ред спроведува дуално стручно образование според стандардите на Асоцијацијата на германските комори за индустрија и трговија (DIHK).

Компанијата ги пренесува практичните знаења и вештини во создавањето на идни квалификувани кадри од областа на современото машинство.

На овој начин, по завршувањето на средното образование, се отвора можност овие кадри да бидат вработени и директно вклучени во производствени технолошки процеси од чија што област стекнале не само теоретски туку и практични вештини.

Како општествено одговорна компанија „Брако“ цени дека тоа би била „вин - вин“ ситуација од која сите би имале краткорочна и долгорочна полза.

Имено, на работните места би доаѓале млади луѓе кои се веќе со стекнати практични вештини и на тој начин младите би биле мотивирани да ја градат својата кариера и понатамошниот живот тука и би се намалил опасниот тренд на иселување на младите.

За време на практичната настава, учениците не само што одблизу ги запознаваат работните процеси и задачи, тие посетуваат и курсеви за безбедност при работа, се запознаваат со процедурите и начинот на работа во компанијата. Содржините се  предвидени со наставни програми, а за тоа се задолжени и сертифицирани ментори. Теоретскиот дел се реализира во Средното стручно училиште „Коле Неделковски“ од Велес: „Теорија во училиште, пракса во фабрика“. За исклучителниот придонес во развојот на воспитно - образовната дејност,  училиштето додели и Благодарница на „Брако“ со очекување дека оваа стручна наобразба со комбинирање на теоријата и праксата, ќе продолжи и понатаму.


Конкретните чекори за старт на овој проект ги презема Делегацијата на германското стопанство, развивајќи две квалификации:

„Техничар за индустриска мехатроника“ и „Техничар за производно машинство“. Квалификацијата од машинската струка, „Техничар за производно машинство“ е воведена во учебната 2019/2020 година, интегрирајќи знаења од областа современото машинство и информатика.

Билатералниот AHK-DIHK сертификат, потврдува дека лицето кое се обучува се стекнува со клучните стручни компетенции од соодветниот германски образовен профил.

На 1-ви  септември минатата  година, е започната четвртата генерација на ученици во нашата држава во рамките на дуалното - стручно образование. 

ПР-Објава

Можеби ќе ве интересира

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Силк Роуд банка добитник на признание за промовирање на првата Visa Platinum Business кредитна картичка за правни лица на финансискиот пазар

Силк Роуд банка добитник на признание за промовирање на првата Visa Platinum Business кредитна картичка за правни лица на финансискиот пазар

Инграм Микро: За ИТ професионалците денес е задолжително да инвестираат во својата експертиза и вештини со цел да останат конкурентни на пазарот

Инграм Микро: За ИТ професионалците денес е задолжително да инвестираат во својата експертиза и вештини со цел да останат конкурентни на пазарот

А1 за сите при пејд корисници на мобилната телефонија - БЕСПЛАТНИ ГИГАБАЈТИ СО А1 ПРИПЕЈД!

А1 за сите при пејд корисници на мобилната телефонија - БЕСПЛАТНИ ГИГАБАЈТИ СО А1 ПРИПЕЈД!

IQOS караванот пристигна во Струга

IQOS караванот пристигна во Струга

МАРТИН И ДАРКО ШАМПИОНИ ПО ДОБИВКИ НА 2win.мк ЗА ИЗМИНАТАТА НЕДЕЛА

МАРТИН И ДАРКО ШАМПИОНИ ПО ДОБИВКИ НА 2win.мк ЗА ИЗМИНАТАТА НЕДЕЛА