20 Април, 2024
0.2163

Брако е единствената домашна компанија што произведува медицинска опрема, работи 15 години и вработува 600 луѓе

Објавено во: Мои пари 18 Август, 2018

Добивај вести на Viber

Основна дејност на компанијата Брако е производство на жичени и лимено-цевкасти производи, медицински мебел и помагала и телекомуникациската опрема. Брако е единствената домашна компанија што произведува медицинска опрема, работи 15 години и вработува 600 луѓе.

ВМРО ДПМНЕ наместо да се занимава со суштински работи за државата, да ги остави приватните македонски компании да функционираат нормално на пазарот. Ниту сме дел од политиката, ниту ќе бидеме како компанија, а тоа го докажавме изминатите години.

Како специјализирана компанија со модерна и софистицирана опрема токму за овие производи и со интегрирани сертификати, Брако стана лидер во производството на метални, челични жичени и други производи кои се неопходни за индустријата, потрошувачката, медицинскиот и транспортниот сектор.

Во 2009 година Брако воспостави соработка со шведската компанија RoMedic, член на групацијата Handicare. Како резултат на оваа соработка, Брако започна со производство на повеќе медицински помагала за потребите на шведската компанија, што е најдобар доказ за квалитетот на производите на Брако. Оттогаш медицинската програма е суштински дел од производството на Брако и вклучува производство на медицински помагала и мебел.

Специјализираната намена и одличниот квалитетот на изработката од оваа програма, придонесе компанијата и брендот да станат препознатливи на многу пазари како на Балканскиот полуостров така и во Европа. Медицинските установи во земјава од јавното и од приватното здравство, исто така со години се опремуваат со медицински мебел произведен во Брако.

Во законските постапки за Барање за прибирање понуди за медицински мебел спроведени од здравствени институции во земјава учествуваше и Брако и во некои од нив, поради најниската понудена цена, беше и избран за најдобар понудувач. Овие договори беа склучени во јануари 2018 година.

Покрај високиот и стандардизиран квалитет како и ценовната конкурентност на пазарот, Брако се изгради и како компанија што е препознатлива по иновативни решенија, по имплементирање на нови трендови, современите технологии од оваа област и иновирање на постоечкиот начин на менаџирање.

Како специјализирана компанија за производство на жичени и лимено-цевкасти производи, медицинските помагала и производи и телекомуникациската опрема, Брако дури 96% од целосното производство го извезува и тоа во 19 држави.

Можеби ќе ве интересира

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга