19 Април, 2024
0.0290

Брандо: „Ние сме народ кој краде туѓи работи и животи“

Објавено во: Стил 13 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

Човекот чии понуди ретко кој можеше да ги одбие, ја одби најпрестижната светска награда поради една многу благородна и во тој момент сосема неочекувана причина.

Марлон Брандо (1924-2004) беше актерска легенда, добитник на два Оскари од кои еден го одбил. Има неколку филмови кои се најзначајни оставрувања а со вонсерискиот талент, доследен на своите принципи, остави неибришлива трага во историјата на светската кинематографија.

Незаборавниот „Кум“, човек за кој дишеа жените ширум светот, и непоправлив идеалист во 1973 година ја одби најпрестижната награда која актер може да ја добие. Воопшто и не се појави на доделувањето на наградите.

На 45-тото доделување на Оскарите наместо Бранд се појави помалку позната актерка , Индијанка од племето Апачи, девојката Сачен Литлфедер , и на сцена се придружи Лив Улман и Роџер Мору.

Со едено движење на рацете ставила до знаење дека Оскарот не сака да го преземе, се претставила и обратила пред присутните:

-Вечерва го претставувам Марлон Брандо и ми рече да ви порачам дека тој длабоко жали што не може да ја прими оваа награда. Неговите причини се однесуваат на лошиот третман на американските Индијанци денес. Имам негово писмо, но не можам да го прочитам цело поради краткото време. Тоа ќе го направам подоцна на конференцијата за медиуми.

Само со еден свој потег славниот актер привлече повеќе публицитет на проблемите на американските Индијанци отколку било која акција до тогаш.

За жал, неговиот пример останал осамен. Никогаш повеќе не се случи некој да одбие од било какви причини да прими Оскар. Суетата е почесто посилна од чувството на праведност.

Потегот на Марлон остана еден од највпечатливите настани во историјата на доделувањето на најзначајните светски актерски награди.

Наредниот ден во „The New York Times“ можеше да се прочита писмото:

„200 години им говоревме на Индијанците да се борат за својата земја, живот, семејство и право на слобода. Им велевме: „Положете го оружјето пријатели, и ќе останеме заедно. Само ако го спуштите оружјето, пријатели, можеме да зборуваме за мир и договор кој ќе биде добар за вас“.

Откако го положија оружјето ние ги погубивме. Ги излажавме. Ги избркавме од нивната земја и преку глад ги натеравме да потпишат измамнички договор до кој знаевме дека нема да се придржуваме. Ги претворивме во питачи на континентот на кој му дадоа живот, колку што постои долго животот. Според сите толкувања во историјата, од било која страна гледано, ние не направивме ништо добро за нив. Незаконски постапувавме, ниту пак бевме праведни. Нас ни е дадено природното право да ги напаѓаме правата на другите, да го ограбуваме нивниот имот и да им ги преземаме животите, додека тие ја бранат својата земја и слобода; дадено ни е правото нивните доблести да ги прикажуваме како злосторства, а нашите разврати како доблести.

Но, постои нешто што е над оваа перверзија, а тоа е пресудата на историјата, која сигурно ќе не` осуди. Но дали ние се грижиме за тоа? Каков е тој шизофренски морал кој ни дозволува низ целиот свет да пренесуваме порака која историјата ја негира и го кажува спротивното; кога жедните, гладните и понижувачките денови во последните 100 години живот на американските Индијанци им се негирани?

Се чини дека принципот на почит и љубов кон соседите стана нефункционален во оваа земја и се` што правиме и се` што сме го постигнале во наша моќ, го направивме со убивање на надежта во нови држави во овој свет, пријателски и непријателски. Тоа е нехумано и докажува дека не живееме во согласност со договорите што сме ги склучиле.

Можеби во овој момент си велите - каква врска има ова со доделувањето на Оскарите? Зошто е оваа жена тука и ни ја уништува вечерта, се меша во вашите животи со работи кои не ве интересираат и за кои не ви е грижа? Го троши вашето време и пари.

Мислам дека одговорот на овие неизговорени прашања е фактот што токму општеството е одговорно за деградацијата на Индијанците и исмевањето на нивниот карактер, опишувајќи ги како опасни и злобни дивјаци.

Доволно е тешко што децата растат во ваков свет. Кога индијанските деца гледаат телевизија и филмови и кога ќе видат како нивната раса се прикажува на филм, нивниот ум ќе остане повреден на начин на кој не можеме да замислиме.

Во последно време има неколку промени во насока кон поправање на ситуацијата, но тие се премалку. Затоа, како член на оваа професија и граѓанин на Америка, вечерва не можам да ја примам оваа награда. Мислам доделувањето и примањето на наградата во овој момент во оваа држава е неправилно додека состојбата на американските Индијанци во оваа земја драстично не се промени. Ако не ги чуваме нашите браќа, тогаш не мора да бидеме нивни погубители.

Би дошол вечерва за директно да ви го кажам ова, но чувствував поголема корист ако одам во Wounded Knee, да помогнам да се воспостави мирот.

Се надевам дека оние кои слушаат нема ова да го гледаат како несоодветен упад, туку како чесен обид да се фокусира вниманието на ова прашање кое многу добро може да се одреди доколку оваа земја од овој момент натаму верува во правата на сите луѓе да останат слободни и независни врз основа на кои е заснован нивниот живот. Ви благодарам на вашата добрина и учтивост кон госпоѓица Литлфедер. 

Ви благодарам и добра ноќ!“

Марлон Брандо

Можеби ќе ве интересира

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре