24 Септември, 2020
0.0482

Бранимир Јовановиќ: Доколку знаела за Еуростандард, Нина Ангеловска не смеела да го повлекува депозитот

Објавено во: Економија 15 Август, 2020

Бранимир Јовановиќ, поранешниот советник на екс-министерот за финансии Драган Тевдовски, објави свој статус за случајот со одземањето на лиценцата за работа на Еуростандард, во кој тврди дека Нина Ангеловска, доколку знаела дека на банката и следува затворање, требало да даде „лична жртва“, односно да сочувствува со широките граѓански маси и да не го повлекува депозитот.

Министерката за финансии претходно демантираше дека по сознание, дека и претстои стечај на Еуростандард, го повлекла личниот депозит. Според анкетните листови на Комисијата за пречување на корупција, таа поголемиот дел го повлекла во јануари, а во јуни ги повлекла и преостанатите 100.000 евра на два месеци пред одлуката на НАродна банка.

„Не знам дали Министерката за финансии знаеле дека банката ќе оди во стечај кога ги повлекла парите. Не имплицирам дека знаела, си има државни органи кои треба да утврдат дали е така.

Но, доколку знаела, не смеела да го направи тоа. Не само таа, туку било кој друг државен функционер. Тоа е искористување на службената положба за остварување на личен интерес, што е дефиниција за корупција.

И ова не го кажувам за да ја нападнам Министерката. Такво нешто на крајот на нејзиниот мандат е апсолутно бескорисно.

Ова го кажувам за сите нови функционери, кои ќе бидат именувани со новата Влада, да бидат свесни за ова и да внимаваат на своето однесување.

Да, доколку „обичен“ граѓанин дознае дека некоја банка ќе се затвори, тој има легитимно право да се обиде да ги повлече парите од банката.

Но не и државните функционери. Штом ќе стапат на државна функција тие веќе не се „обични“ граѓани. Тие се слуги на народот, тие се јавни службеници и не можат да се однесуваат како и „обичните“ граѓани. Тие мора да бидат спремни да направат лична жртва во интерес на јавното добро.

Тоа е цената на јавната функција - да го ставиш личниот интерес на страна и да работиш за другите, а не за себе.

И секој што не го сфаќа ова, не е за државна функција. Државните функции се за луѓе кои се спремни да му служат на јавниот интерес, да работат за општото добро, да се жртвуваат за државата, а не за луѓе кои гледаат како да остварат лична корист од секоја ситуација“, коментира Јовановиќ.


Можеби ќе ве интересира

САМО ВО АВГУСТ НОВИ ТРИ ИЛЈАДИ НЕВРАБОТЕНИ - еве што покажуваат најновите бројки на Агенцијата

САМО ВО АВГУСТ НОВИ ТРИ ИЛЈАДИ НЕВРАБОТЕНИ - еве што покажуваат најновите бројки на Агенцијата

Владата сака да гради пруга до Струга, а МЖ Инфраструктура не може да врати 10 милиони евра

Владата сака да гради пруга до Струга, а МЖ Инфраструктура не може да врати 10 милиони евра

Драстичен пад на доходот на домаќинствата: А колку ќе не сотре Ковид?

Драстичен пад на доходот на домаќинствата: А колку ќе не сотре Ковид?

НОВИ ЗАГРИЖУВАЧКИ БРОЈКИ НА АГЕНЦИЈАТА - дури 40 илјади луѓе останаа без работа од корона кризата

НОВИ ЗАГРИЖУВАЧКИ БРОЈКИ НА АГЕНЦИЈАТА - дури 40 илјади луѓе останаа без работа од корона кризата

РЕКОРДЕРИ ВО ЕВРОПА: БДП на земја од регионот отиде на дното

РЕКОРДЕРИ ВО ЕВРОПА: БДП на земја од регионот отиде на дното

НОВА ЛИСТА: Познато е кои се десетте најбогати држави во светот

НОВА ЛИСТА: Познато е кои се десетте најбогати држави во светот

Генерали Инвестментс: Инвеститорите немаат вистинска алтернатива

Генерали Инвестментс: Инвеститорите немаат вистинска алтернатива

ФИТР: 2,35 милиони евра за поддршка на 84 микро и мали стартап компании

ФИТР: 2,35 милиони евра за поддршка на 84 микро и мали стартап компании

Битиќи: Се преговара со четири странски инвестиции

Битиќи: Се преговара со четири странски инвестиции